Хоспитализирана Тејтум О‘Нил, се заканувала дека ќе скокне од терасата

Profimedia

Актерката Тејтум О‘Нил се заканувала дека ќе си го одземе животот во својот дом во Лос Анџелес, по што полицијата ја одвела во локалната болница, пренесува ТМЗ.

По телефонски повик во кој полицијата била известена дека лице се заканува со самоубиство, тие дошле во домот на педесет и шестгодишната актерка Тејтум О‘Нил и итно ја пренесле во локалната болница. Потоа таа е префрлена на психијатрискиот оддел каде што е под постојан стручен надзор.
Иако драмата се одиграла кон крајот на минатиот месец, дури сега се дозна за оваа случка.

Тејтум О‘ Нил беше голема детска ѕвезда и на свои 10 години стана најмладата личност што освоила „Оскар“ , а наградата ѝ ја донесе улогата во филмот „Месечина од хартија“ каде што глумеше покрај татко ѝ Рајан О‘Нил.

Тејтум со нејзиниот татко Рајан /Instagram
Тејтум со нејзиниот татко Рајан /Instagram

Која е причината за ваквиот испад на Тејтум, сè уште не е јасно, но се претпоставува дека индиции за такво нешто можеле да се насетат по нејзината објава на Инстаграм, каде што откри дека како мала била сексуално злоупотребувана од пријател на татко ѝ, но и од еден од многубројните пријатели на мајка ѝ.

Тејтум која зад себе има еден пропаднат брак со тенисерот Џон Мекенро, во минатото се бореше со зависност од дрога и наводно е чиста од 2008 година.

Тејтум и Џон Мекенро/Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот