Хоспитализиран претседателот на Чешка од засега непознати причини

Милош Земан / Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Претседателот на Чешка, Милош Земан (77) денеска беше пренесен, од засега непознати причини, во воената болница во Прага, каде, по игра на случајот, се наоѓа и поранешниот претседател Вацлав Клаус поради проблем со висок крвен притисок.

Воената болница потврди дека Земан е хоспитализиран, но одби да коментира зошто и да ги потврди неофицијалните информации од весникот Право, дека ќе биде потребно подолго лекување, пренесува Бета.

Портпаролот на Земан, исто така, одби да даде каков било коментар за медиумите, додека неговиот советник Мартин Нејдли рече дека наводно слушнал дека претседателот закажува редовна контрола.

Чесите немаат целосни и детални информации за здравствената состојба на нивниот претседател, освен дека има дијабетес и невропатија во нозете, што му отежнуваше со години да се движи, а од април годинава е во инвалидска количка.

Клаус (80), кој е еден од главните противници на вакцинацијата, покривање на лицето и други санитарни мерки во пандемијата на Ковид-19 се зарази кон крајот на февруари, а во текот на викендов не се чувствувал добро.

– Му беше лошо иза време на прегледот констатирано е дека има висок крвен притисок. Сега чека дополнителни тестови во болницата, изјави портпаролот на Клаус, Петр Мацинка. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот