Хорват: Коронавирусот влијае врз хрватската економија, иако размерот е тешко да се предвиди

Тој рече дека во февруари вредноста на извезената стока од Хрватска во Кина се намалила од 141 милиони долари на 50 милиони долари.

Хрватскиот министер за економија Дарко Хорват изјави денеска дека ефектите од новиот коронавирусот веќе се гледаат и оти тие ќе имаат одредено влијание врз хрватската економија, иако размерот е тешко да се предвиди во овој момент.

– Во првите два месеци на ниво на ЕУ, гледаме два милиони помалку пристигнувања на кинески туристи, рече Хорват, додавајќи дека хрватскиот туризам би страдал, но тешко е да се предвиди колку.

Тој рече дека во февруари вредноста на извезената стока од Хрватска во Кина се намалила од 141 милиони долари на 50 милиони долари.

– Ефектите доаѓаат, но најважно е да се каже дека не треба да дозволиме паниката да влезе во нашите секојдневни животи или да го наруши спокојството со кои изминатите три години придонесувавме економски раст, рече Хорват и додаде дека се работи на методологијата за ублажување на последиците.

Прочитајте и...  Сè поголем бројот на смртни случаи од коронавирусот во САД

Хорват потенцира дека Европската комисија веќе издвоила 300 милиони евра за да ги ублажи штетите предизвикани од коронавирусот и да пронајде вакцина и лек. 

Прочитај повеќе

Да не се стигматизираат лицата со попреченост како пренесувачи на заразни инфекции, велат здруженијата

Слободен печат

Кумановскиот театар продолжува со онлајн-претставите, денеска ќе ја прикаже „Раскол”

ОЈО Скопје предложи 43 граѓани да бидат казнети за непочитување на полициски час

Слободен печат

Столтенберг: НАТО ќе ја забрза испораката на помош на најпогодените сојузници од коронавирусот

Слободен печат

На сметките на граѓаните ќе легнат 5,59 милиони евра поврат на ДДВ

Слободен печат

Банките ќе ги одложат ратите, ама за тој период ќе наплаќаат камати

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Општина Кочани ги засилува заштитните мерки откако кај едно лице е потврден КОВИД-19

Слободен печат

Тачи: Започнаа консултациите за наредните чекори за функционализирање на институциите

Слободен печат

Родителите реагираат: Не е фер да се оценуваат учениците во кризата, кога условите не се исти за сите деца

На подрачјето на СВР Велес, од вчерашните 353 лица во самоизолција денеска бројот е намален на 185

Слободен печат

Постои ризик од недостиг на храна поради влијанието на коронавирусот

Слободен печат

Мицотакис: Април ќе биде клучен месец

Слободен печат