Хороскопските знаци и чевлите

За оние кои веруваат во астрологијата, еве ја поврзаноста меѓу чевлите и ѕвездите.

Кажи ми какви чевли носиш, ќе ти кажам кој си и што сакаш да бидеш, вели една поговорка. Но, сепак, има нешто и до астрологијата.

Овен

Жената Овен е спортски тип, најдобро и прилегаат модни комбинации со кои патиките се на нозете. Сите комбинации со патики се добредојдени, а модата е сезонава на незина страна. Може и фустан со патики!

Бик

Ќе ја препознаете по чевлите со округол врв, најчесто груби чевли, на платформа. Оваа пролет кломпите се враќаат во мода, тоа е супер вест за жената Бик која добро се чувствува во нив.

Близнаци

Сандали. Нежни со многу врвци или ремчиња. Жената Близнаци е „родена“ за гладијаторки, или тие се создадени баш за неа.

Прочитајте и...  Имал 11 деца, а љубовникот го сакал повеќе од секоја жена: Го одбил Оскарот и засекогаш го промени Холивуд

Рак

Рамни лесни чевли во кои се чувствува како да танцува. Балетанките се идеални за жените Рак. Класични, без експериментирања, уште подобро со ненападна панделка или во морнарски стил.

Лав

Светкави салонки со висока потпетица, со многу детаљи на нив. Лавицата мора да го освои вниманието, па и чевлите треба да се златни. Златни патики? Може и тоа.

Девица

Машки чевли, оксфортки. Класични, ама многу чисти. Всушност, чевлите на девицата секогаш блескаат како да се нови, како да се првпат облечени. А многу веројатно се од некоја мината сезона која сме ја заборавиле.

Вага

Лесно се препознава по елегантните, нежни чевли. На нејзината нежна нога најубаво стојат сандали со висока потпетица. Уште подобро ако се во впечатлива боја. Жолти со ременчиња за оваа пролет?

Прочитајте и...  Американска водителка (40) која работи во Си-Ен-Ен заразена од коронавирус

Шкорпија

Салонки, со средно-висока потпетица, ама лакирани. Црни или црвени. Со овие две бои Шкорпијата со најголемено задоволство знае да си поигра. И тоа успешно и секси.

Стрелец

Нејзините нозе мора да се лесни, речиси да може да потрча во чевлите. Во топлите денови може да ја препознаете по јапонките на нозе, со убаво средени нокти. Морнарски мокасини или бродарици, идеални се за неа и првите и вторите.

Јарец

Многу класични чевли, понекогаш изгледаат како да се позајмени од некое далечно минато време, од времето на нејзината баба. Со умерена потпетица, но никако рамни, „најдраматичниот“ детаљ на нив се дупчињата. И бојата е класична, без можност за утка, црни или кафени.

Прочитајте и...  Приказна која ќе ве „стопи“, ретриверот Сани се грижи за жителите во карантин, погледнете го во акција (ВИДЕО)

Водолија

Шарени патики или во џиш боја кои воопшто не се ни сложуваат со другиот дел од гардеробата. Така и треба. Водолијата знае да ги носи и оние, прочуените, чудни чевли дизајнирани од Мек Квин. Сребрени сандали за неа се совршени.

Риби

Чевли со реси, сатенски сандали или салонки со многу чипка или крзно. Чевлите на Рибите личат на оние од детските приказни. Секогаш се романтични.

Прочитај повеќе

Дрејк сними нов спот во изолација: Маска, ракавици и празни улици во Торонто (ВИДЕО)

Слободен печат

Дејвид Бекам си ја избричи главата во изолација: Ова мораше да се направи! (ФОТО)

Слободен печат

„Знам што родив и со кого ја правев“ – Ана Николиќ за воспитувањето на ќерката и за тоа колку Раста и одмага во тоа

Слободен печат

Идеални во време на самоизолација: 10 трилери кои треба да ги погледнете! (ВИДЕО)

Слободен печат

Имал 11 деца, а љубовникот го сакал повеќе од секоја жена: Го одбил Оскарот и засекогаш го промени Холивуд

Слободен печат

Реални „до коска“ илустрации на борбата против коронавирусот

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Лоши момци прават хаос: Девојка вреска додека другар ја вози со полн гас на хауба! (ВИДЕО)

Слободен печат

Неговиот љубовник му беше кум, а дечкото го гледаше од прозорeцот на хотелот: Фамозниот брак на Елтон Џон со жена! (ФОТО)

Слободен печат

Кејти Пери го намачка Орландо Блум со шлаг и на необичен начин го откри полот на бебето

Слободен печат

ПРЕПОРАКИ ОД ИЗОЛАЦИЈА со Ели Танасковска, уредничка и водителка во МТВ

Јасмина Кантарџиева Димков

Карлеуша си купи солариум и веднаш се пофали – Сега нема да ми биде досадно во карантин (ФОТО)

Слободен печат

На балкон истрчале маратон долг 42 километри!

Слободен печат