Хороскопски знаци на кои никогаш ништо не им одговара, ништо не им чини, секогаш наоѓаат маани…

профимедиа

Некои луѓе едноставно е невозможно да ги задоволите, а астролозите тврдат дека тоа има врска со знакот во кој сте родени.

Можете да вложите и да дадете се од себе, но пак овие луѓе ќе најдат некоја маана. Перфекционизмот и високите критериуми ги прават дежурни критичари за сѐ и секого околу нив, но и за себе лично.

Близнаци

Еден од најнеодлучните знаци, но наедно и најдобри во критикување. Нивната способност за премислување е неверојатна, а токму на сметка на тоа успеваат да најдат недостатоци во се, дури и на места каде на „обичните смртници“ нема да им текне на крај памет да погледнат.

Девица

Девиците се перфекционисти, а со тоа под рака доаѓа и нагонот да критикуваат. За разлика од Близнаците, кај нив е поизразено тоа дека покрај другите, се критикуваат и самите себе. За девиците совршенството постои, но е недофатливо, особено не кога другите луѓе ги прават работите за кои се вешти тие.

Водолија

Припадниците на овој знак се многу добри во наоѓање недоследности, но пред се се многу самокритични. Тие би сакале да се совршени во се што прават, но кога тоа нема да им успее, се чувствуваат како најголемо промашување. За нив самокритичноста е еден вид терапија, а кога ги критикуваат другите тоа секогаш е најдобронамерно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот