Хороскопски знаци на кои храброста не им е посилна страна

Личностите родени во овие хороскопски знаци се плашат од секаков конфликт, не знаат да го одбранат својот став и не сакаат ризици. Тие се лоши во донесување одлуки зашто не се чувствуваат добро кога се под притисок.

Близнаци

Овие личности се недоверливи и познати како „најнепосакувани претпоставени“, поради тоа што не можат да се справат ни со себеси. Кога треба да донесат некоја важна одлука, Близнаците без грижа на совест му го препуштаат тоа на некој друг, за да не се доведат во ситуација да одговараат за можните последици.

Вага

Кога станува збор за критики и соочување со реалноста, Вагите најмногу сакаат да се сокријат и да чекаат бурата да помине. Тие не сакаат расправи и конфликти, па почесто избираат да патат отколку да соберат доволно храброст и да кажат што навистина мислат.

Риби

Рибите им простуваат на сите зашто се плашат да имаат непријатели. Токму поради тоа често ги искористуваат, но стравот ги спречува да зборуваат за таа неправда и да се заземат за себе. Исто како Близнаците и Рибите најчесто им го препуштаат донесувањето одлуки на другите зашто тешко поднесуваат критики и неуспех.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот