Хороскопски знаци кои нема да имаат среќа со парите во 2023 година

Пари долари
Фото: Pexels/Karolina Grabowska

Астролозите предвидуваат дека припадниците на некои хороскопски знаци ќе имаат проблем да заштедат и да заработат пари во 2023 година.

Тие ќе имаат тенденција да ги трошат своите пари и ќе имаат желба да го живеат животот до максимум, исполнет со многу нови искуства, авантури и скапи хобија.

Овен

Овните нема да бидат многу штедливи во 2023 година. Тие нема да се грижат за финансиската сигурност, туку ќе им биде важно да имаат нови и незаборавни искуства.

Ќе трошат пари на концерти, патувања, излегувања и вечери во скапи ресторани. Тие ќе уживаат во животот и нема да се откажат од ништо, но тоа ќе влијае на состојбата на нивната сметка.

Фото: Pexels/Markus Spiske

Вага

Ни Вагите нема да штедат премногу. Иако ќе имаат убава заработка во текот на целата година, а ќе постои можност и за одредено финансиско наследство, тие ќе трошат многу пари.

Тие ќе бидат исклучително дарежливи кон себе, кон своите деца и кон партнерот. Тие ќе се почестат себеси, а и своите најблиски, со секакви скапи работи, патувања и уникатни искуства.

Фото: Pexels/Thirdman

Водолија

Водолиите често ќе позајмуваат пари од пријателите и од роднините. Нема да бидат задоволни со приходите, па ќе бараат друга работа.

Но, дури и да најдат подобро платена работна позиција, тие ќе бидат многу нетрпеливи и веднаш ќе ги трошат парите за сѐ и сешто – од скапа технологија, па сѐ до скапи патувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот