Хороскопски знаци кои најчесто имаат афери и им се неверни на партнерите

Фото: Profimedia

Лажењето и изневерувањето се постапки кои, дефинитивно, најмногу можат да го повредат партнерот.

Оној момент кога почнуваме да размислуваме за состанување со други луѓе, да флертуваме со оние кои ни се привлечни, а најлошо – кога физички ќе го изневериме партнерот, тогаш е почетокот на крајот на речиси секоја романтична врска.

Според астрологијата, припадниците на три хороскопски знаци имаат најголема тенденција да го изневерат партнерот.

Овен

Кога станува збор за изневерувањето, Овните имаат свои правила. Ако навистина сакаат некого, речиси е невозможно да го изневерат. Вообичаено, тие се лојални и достоинствени во односот со саканата личност.

Но, ако се во врска со личност за која немаат силни чувства, Овните имаат тенденција да „спијат со едно отворено око“ и потајно да ја бараат вистинската љубов. Ако случајно ја најдат, тоа значи крај за моменталната врска. Всушност, тие не изневеруваат, но постои голема веројатност дека ќе ве остават за некој, за нив, подобар.

Исто така, Овните изневеруваат за да се одмаздат. Кога се повредени, тие тешко ја контролираат болката и нема да се смират додека не му вратат со иста мера на партнерот. Овните ќе ве повредат на истиот начин како што сте ги повредиле вие.

Фото: Pexels/Timur Weber

Близнаци

Близнаците се најпознати прељубници во астрологијата. Всушност, тоа ја претставува дуалноста на Близнаците, така што постојат најмалку две лица на нивната личност од кои треба да се чувате.

На Близнаците им треба разновидност, слобода и флексибилност во животот за да бидат среќни. Тие се „социјални пеперутки“, а разговорот и средбата со луѓето во текот на денот им ја исполнуваат нивната потреба за комуникација и дружење. Близнаците сакаат да имаат од сѐ по две работи, понекогаш и повеќе, а таа желба не се однесува само на материјалните нешта.

Иако никогаш немаат експлицитна намера да изневерат, понекогаш тоа едноставно се случува. Кога ќе дојде до тоа, Близнаците секогаш наоѓаат начин да ја заобиколат приказната. Тие се многу паметни и знаат како да го сокријат своето изневерување од партнерот. Ако случајно партнерот ги фати, Близнаците ќе му кажат сѐ што партнерот сака да чуе, а потоа повторно ќе го измамат. Секако, тоа не е случај со сите Близнаци, но бидете внимателни.

Пар кавга изневерување
Кавга меѓу љубовен пар / Фото: Pexels/Vera Arsic

Вага

Ако Вагата изневерува, тоа е затоа што сакаат да го добие она што ѝ недостасува во врската. Таа се чувствува ужасно поради изневерувањето, но. за да го задржи „мирот во куќата“, ќе направи сѐ што е во нејзина моќ за да го сокрие овој нечесен чин од партнерот.

Вагите не се таинствени како Скорпиите или Рибите, ниту се брзи како Близнаците, па затоа нивните постапки често ги издаваат. Едноставно, тие не знаат да се сокријат. Кога ќе се соочат со партнерот, прво негираат дека изневериле. Но, кога ќе бидат фатени на дело, тие го признаваат изневерувањето.

Изневерените партнери можат да се утешат со фактот дека Вагите, всушност, немале намера да изневерат. Сѐ додека се чувствува исполнето, Вагата е верен партнер.

Фото: Pexels/KoolShooters

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот