Хороскопски знаци кои ќе го залечат скршеното срце: 8 јуни им носи лековита енергија која ќе ги ослободи од минатото

Фото: Pexels/Leah Kelley

Транзитот на Сонцето во тригон со Месечината денеска (8 јуни) ќе донесе лековита енергија за припадниците на три хороскопски знаци, особено за оние кои подолго време се обидуваат да си го залечат скршеното срце.

Конечно е време да тргнете напред, а универзумот ќе ве поддржи во тоа, пишува „Сенса“.

Девица

Интересна работа во врска со вас и вашето страдање е дека знаевте дека, на крајот, ќе го дочекате денот кога ќе ја отпуштите болката. Денеска е тој ден! Проверете дали сѐ уште ја чувствувате тежината на старата љубов, но ќе се уверите дека таа заминала засекогаш и со себе ја понела сета болка од вашето срце.

Ова се должи на исцелувачкото присуство на Сонцето и Месечината на нашето космичко небо. Вие никогаш немавте намера толку долго да останете во ова страдање. Сепак, сè што направите, направите за да преболите. Сега е моментот, со помош на овој транзит, да тргнете кон нова, попозитивна фаза од животот.

Фото: Pexels/RDNE Stock project

Водолија

Ја искористивте личноста која ви нанесе болка како изговор за да не одите понатаму во својот живот. Од денеска, па натаму, вие конечно ќе го доживеете крајот на оваа приказна. Конечно, време е да тргнете напред. Страдањето за кое толку тврдоглаво се држевте, сега ќе ви стане бесмислено.

Денеска ќе престанете да се лажете самите себеси и ќе сфатите дека нема потреба да се држите до нешто што одамна поминало. Време е да ја освоите својата слобода. Водолии, нема веќе болка во срцето.

Фото: Pexels/Andrea Piacquadio

Риби

Риби, вие поминавте толку време во страдање, што почнавте да се прашувате кои сте. Ја преземавте болката како дел од вашиот идентитет. Но, колку повеќе ја чувствувате, толку ви станува појасно дека немате потреба од неа.

За време на транзитот на Сонцето и Месечината, нема да можете да се лажете себеси или да ја користите оваа болка како алиби. Времето е сега, а вие ќе го препознаете моментот. Сега или никогаш. Нема да сакате да изгубите уште една драгоцена секунда од вашиот живот. Наместо да жалите за сѐ, вие ќе одлучите гордо да одите напред.

Најсреќниот ден во јуни за секој хороскопски знак

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот