Хороскопот открива: Кои знаци не ви одговараат во љубовта

Без оглед колку има хемија меѓу вас и вашиот партнер, постојат некои навики и особини кои можат да ѝ застанат на пат на вашата романса. На самиот почеток повеќето од нас се прилагодуваат едни на други, па така на некои недостатоци и замижуваме. Меѓутоа, како што поминува времето, овие работи можат да станат ваш камен за сопнување.

Многу е едноставно: постојат посесивни лица, но и оние кои ќе трпат сè, само не посесивност. Исто така е и со мрзеливоста, забавите, прекумерено трошење пари и слични навики. Нешто што вам ви пречи, на вашиот партнер му е навика или нешто што вам ви е потреба, вашиот партнер не го разбира. За несреќа, таквите работи стануваат пречка на вашата романтика.

За среќа, тука е астрологијата, да провериме кои навики нè вознемируваат, ни пречат, а со тоа да утврдиме со кој хороскопски знак не сме компатибилни.

Но сепак, не смеете да го користите хороскопот како изговор за вашето однесување. Ние сме свесни суштества и доколку сакаме, можеме да ги промениме и оние најдлабоки навики.

Астрологијата е тука да ни помогне да се разбереме подобро, а секако исто така е корисна и при изборот на партнер, особено кога ќе го запознаеме. Неговиот хороскоп може да ви открие барем нешто за неговиот карактер.

Овен
Овните по природа се енергични и сакаат да живеат брзо, затоа може да им смета личност која сака да ужива во секој момент. За овој хороскопски знак би било добро да го избегнува спориот Бик, кој потполно се препушта на својот хедонизам и полека ужива во секоја минута.

Бик
Биковите се стрпливи, лојални и верни, но исто така и многу тврдоглави. За нив не постои компромис, дури ни како идеја, но сè мора да биде како што тие си замислиле. Очекуваат стабилност, но многу хороскопски знаци се темпераментни и не можат да им ја дадат посакуваната сигурност. Затоа најдобро е да се држат подалеку од Водолија и Овен.

Близнаци
Шармантни и бескрајно зборливи, Близнаците уживаат во новите познанства и во долгите разговори. Тие се кокетни, полни со енергија и многу често на прв поглед оставаат одличен впечаток на другите. Но сепак, доколку би избрале посесивен партнер, тој не би можел да се носи со вашата кокетност. Од друга страна, вам ви е потребен разговор исто како воздух и затоа не ви треба некоја „ќутлива“ личност. Ракот, секако не би бил добар избор.

Рак
Вие сте многу емотивни, како и сите водени знаци. Познати сте по своето сочувство, но исто така и осетливи. Вашиот партнер никако не смее да биде некој што би замижал на вашите емоции и на вашиот труд. Во таквиот однос вие би станале многу тешки. Затоа држете се подалеку од Скорпијата, која е позната како знак кој се води според страстите, а не по чувствата.

Лав
Огнени, интелигентни и гладни за внимание се токму Лавовите. Знак кој е забавен, харизматичен и свесен за своите квалитети, никогаш не би толерирал критика на своја сметка или недоволно внимание. Затоа треба да ги избегнувате Јарците, кои исто така се многу нарцисоидни, па во нивната врска би имало судир на нивното его и би можело да дојде до експлозија.

Девица
Вие сте организирани, присебни и цврсто стоите со двете нозе на земја. Зрели сте и пред себе имате јасна визија. Не се откажувате додека не ги исполните зацртаните цели и поради тоа ви е потребен некој реален и одговорен. Рибата, која постојано живее во својот свет, би била кобна за вашите нерви.

Вага
Посветени сте, шармантни и разновидни. Сакате да делите внимание и уживате другите да се чувствуваат убаво. Сакате да ви се посвети безусловно внимание. Сами ги планирате своите обврски и не трпите притисок. За вас Близнаците би биле погрешен избор, затоа што нивното внимание ретко останува на едно место.

Скорпија
Скорпиите се многу таинствени и страствени до самиот крај и во секоја сфера на животот. Сè што чувствуваат е многу интензивно, и за вас е многу важно работите да ги држите под контрола. За вас не е партнер кој води рутински начин на живот. Можеби Лавот не би бил добар избор за вас, затоа што неговата желба за приврзаност би го напуштила вашиот комфор.

Стрелец
Тие се бескрајно духовити, желни за нови сознанија и авантура. За Стрелците многу е важно да се во движење, во убаво опкружување и да се стално во потрага по нови предизвици. За нив рутината е досадна и ако не пронајдат партнер кој со нив би го обиколил светот, тие попрво би избрале да се сами. Во никој случај не би се согласиле со сигурниот и безбеден Бик.

Јарец
Јарците се амбициозни и посветени. Вистински партнер за долга врска. Тие гледаат сè на долг рок и прават планови кои сакаат да ги остварат. Секогаш и сè прават со причина, а најмногу ги нервираат луѓе кои работите ги прават туку така, затоа треба да се држат подалеку од Овновите.

Водолија
Тие се практични, комуникативни и пред сè иновативни. Успехот им е загарантиран, а партнерот кој им одговара мора да има слични видувања како вас. Иновативно доживување со реалноста и отвореност за различни опции и можности. Многу конвенционалната Вага може да биде тешка за нив.

Риби
Тие се сонувачи. Полни со љубов, која се спремни безусловно да ја поделат. Романтична душа која верува во чуда. Со Девицата, која е многу приземјена, тешко можат да најдат заеднички јазик.
Сепак, само затоа што астрологијата вели дека не се компатибилни, не морате да ја затворите вратата пред несродниот знак. Можеби сепак тој е вашата прилика, со малку обострано залагање. Со ѕвездите никогаш не се знае.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот