Хороскопот на древениот Египет: Откријте го вашиот знак и неговото значење

египетски хороскоп
Фото: Pexels / Lady Escabia

Во древниот Египетски хороскоп, целиот годишен циклус бил поделен на мали временски периоди. Секој од нив бил управуван од божество кое не само што го предодредува животот на една личност, туку и му дава карактеристики на неговиот лик, тајно знаење и му ги открива загатките за контрола на натприродните моќи. Египетскиот Зодијак вклучува 12 знаци: Нил, Амон Ра, Мут, Геб, Озирис, Изида, Тот, Хорус, Анубис, Сет, Бастет, Сехмет. Секој знак, освен Нил, го симболизира египетски бог или божица.

Нил

Датуми на Нил: 1-7 јануари, 19-28 јуни, 1-7 септември, 18-26 ноември

Нил претставува почеток на нешто. Луѓето од овој знак имаат многу мирен карактер и не сакаат конфликти. Понекогаш можат да „потпаднат“ на страстите, но во такви моменти дејствуваат мудро. Често го менуваат расположението. Можат да бидат многу мирни а потоа одеднаш да се лутат. Луѓето од овој знак се одлични набудувачи. Совршено комуницираат со другите луѓе. Припадниците на Нил се аналитичари кои сакаат да сонуваат за можности за благосостојба и како да живеат мирен и сталожен живот. Сакаат да се опкружуваат со суптилни работи. Тие се внимателни кон деталите и секогаш се обидуваат да постојат мирно. Пред да преземат каква било акција, претпочитаат да бидат сигурни дека сè е безбедно. Ова се многу практични луѓе. Луѓето родени под знакот на Нил се сериозни и избираат активности што одговараат на нивниот практичен, вреден и аналитички ум.

Амон Ра

Датуми на Амон Ра: 8-21 јануари, 1-11 февруари

Амон Ра е бог на заштитата и се смета за крал на боговите. Оние кои се родени под знакот на египетскиот бог Амон Ра се талентирани и оптимистични. Стануваат добри лидери и ги инспирираат другите луѓе. Во секоја ситуација, припадниците на знакот Амон Ра се сигурни и држат сè под контрола. Благодарение на нивниот оптимизам, многу често се чувствуваат среќни. Тие му веруваат на својот внатрешен глас. Исто така го користат својот внатрешен глас за да им помагаат на другите. Тие се многу успешни и среќни. Можат да имаат кариера како консултант, тренер или мотивациски лидер, инспирирајќи ги другите да се подобрат. Луѓето честопати доаѓаат кај нив за совет. Припадниците на овој знак донесуваат одлични одлуки бидејќи се полни со мудрост и храброст, имаат сила на волја и трудољубивост.

Мут

Датуми на Мут: 22-31 јануари, 8-22 септември

Мут симболизира жена и мајка. Во египетската митологија, Мут исто така ја симболизира божествената мајка, нејзиното име значи „мајка на светот“. Луѓето родени под знакот на Мут се едукатори и застапници за нешто. Тие имаат тенденција да станат добри родители. Често ги кријат своите внатрешни чувства и мисли, отворајќи се само за најблиските луѓе. Може да бидат многу срамежливи. Само кога ќе се зближат со некого, тие го покажуваат своето знаење, мудрост и великодушност. Јасно знаат што сакаат од животот и се фокусирани да ги остварат своите соништа. Знаат како да ги привлечат другите со својот шарм и трпеливост. Припадниците на знакот Мут имаат логичен и практичен начин на размислување. Размислуваат рационално, па затоа може да биде тешко да им се докаже дека не се во право. Тие се искрени но, мистериозни. Тие се заинтересирани за духовен раст, филозофија и мистицизам.

египет хороскоп

Геб

Датуми на Геб: 12-29 февруари, 20-31 август

Во древната египетска митологија, Геб бил бог на земјата. Татко на Озирис, Сет, Изида и Нефтис. Се верувало дека од неговата смеа се појавиле земјотресите. Луѓето родени под знакот на Геб, имаат љубезно срце и поседуваат добра интуиција. Од време на време, тие се премногу емотивни, но овој шарм и магнетизам ги привлекува другите луѓе. Луѓето родени под знакот на Геб се верни пријатели. Можат да бидат многу чувствителни, но секогаш остануваат смирени и тактични. Тие се дипломати и секогаш размислуваат пред да дејствуваат. Можат да бидат срамежливи, но доколку е потребно, тие се прилично упорни. Имаат добра меморија и никогаш не забораваат што направиле другите луѓе за нив. Тие се привлечени од активности кои се корисни за Земјата и животната средина. Професиите поврзани со настава, советување или литература ќе им одговараат.

Озирис

Датуми на Озирис: 1-10 март, 27 ноември-18 декември

Луѓето родени под знакот на Озирис имаат 2 страни на личноста. Можат да бидат многу енергични и силни, но и неодлучни. Тие се успешни во новите потфати, оптимисти и многу дарежливи. Благодарение на нивната интелигенција и харизма, луѓето родени под овој знак можат да направат успешна кариера во трговијата или образованието. Тие се родени лидери и самоуверено ја користат оваа вештина за да ги постигнат своите цели. Живеат во моментот и секогаш се полни со енергија. Прво размислуваат за себе. Се разликуваат по директност во комуникацијата со други луѓе и секогаш го мислат она што го зборуваат. Многу сакаат да им помагаат на другите. Луѓето од овој знак се независни и не сакаат да следат нечии наредби. Затоа, тешко им е да работат за друг. Најдобро е да имаат сопствен бизнис и да работат за себе. Припадниците на знакот на Озирис се претприемничи, самоуверени и намерни.

Изида

Датуми на Изида: 11-31 март, 18-29 октомври, 19-31 декември

Изида ја симболизира мајката и божицата на природата. Покровителка на децата, сиромашните и мртвите. Ќерка на Геб и Нут и сестра на Озирис, Сет и Нефтис. Се омажила за својот брат Озирис и родила син по име Хорус. Луѓето од овој знак се многу искрени и директни. Некои ги сметаат за премногу глупави и отворени, а други го ценат нивниот директен стил на комуникација. Тие бараат романтична врска со претприемничи и безгрижни луѓе. Тие се дружеубиви и сакаат да даваат совети на другите. Припадниците на знакот на Изида имаат добра смисла за хумор. Луѓето од овој знак нема да дозволат пречки да им застанат на патот. Имаат среќа и можат да ги користат сите ресурси. Можат да успеат во уметност, маркетинг или забава. Работат добро во тим и си се доволни сами на себе. Ова ги прави популарни кај пријателите и обожавателите.

Тот

Датуми на Тот: 1-19 април, 8-17 ноември

Тот е бог на месечината, знаењето и мудроста. Познат како творец на пишувањето. Луѓето родени под овој знак на египетска астрологија се способни совршено да ги решат проблемите. Сакаат да го споделуваат своето знаење со другите. Често стануваат наставници и ментори. Добро комуницираат со луѓето и можат да станат писатели или новинари. Луѓето од овој знак имаат добра меморија и никогаш не забораваат на нечија услуга или љубезен гест. Секогаш бараат начини да се подобрат. Во романтична врска, тие се искрени и вистинити. Ги привлекуваат луѓе со исти вредности. Луѓето родени под знакот Тот сакаат да примаат знаење, за да можат да бидат доживотни студенти. Тие се трпеливи, па затоа се подготвени да учат за да се стекнат со потребните вештини. Тие се многу инвентивни и секогаш имаат многу нови и креативни идеи кои им носат успех.

тот египет хороскоп

Хорус

Датуми на Хорус: 20 април- 7 мај, 12-19 август

Хорус е син на Озирис и Изида. Во древната египетска митологија, тој ги симболизира sвездите и небото. Луѓето родени под знакот на Хорус се многу храбри и подготвени за ризик. Ова се многу харизматични личности. Секогаш се оптимисти и ќе успеат во секоја професија. Лидери се кои ги мотивираат и инспирираат другите. Припадниците на знакот на Хорус имаат силна волја и можат да бидат тврдоглави. Тие ги ставаат потребите на нивноте семејства над сопствените, постапувајќи несебично во корист на оние што ги сакаат. Луѓето родени под овој знак се вредни и добро се сложуваат со другите. Тие се многу практични и интелигентни и ги заштитуваат оние на кои им е потребно. Тие можат да станат познати политичари, јавни личности и психолози.

Анубис

Датуми на Анубис: 8-27 мај, 29 јуни- 13 јули

Во египетската митологија Анубис е чувар на подземјето. Луѓето родени под знакот на Анубис се многу страсни и креативни. Тие се многу емотивни и чувствителни и обично претпочитаат да работат сами. Нивните емоции можат да бидат многу непредвидливи. И покрај фактот дека се интроверти, луѓето од овој знак зрачат со доверба што предизвикува почит кај другите луѓе. Слободно го изразуваат своето мислење. Луѓето родени под знакот на Анубис се многу перцептивни и конзервативни. Тие се набудувачи и често можат да ги претпостават мислите и мотивите на другите луѓе. Тие се заинтересирани за професии поврзани со образованието и психологијата. Никогаш не се откажуваат од целта, дури и ако не можат да ја постигнат за неколку години. Луѓето од овој знак можат да бидат одлични лекари или медицински сестри. Во романтичните односи тие се приврзани и грижливи.

Сет

Датуми на Сет: 28 мај- 18 јуни, 28 септември- 2 октомври

Во египетската митологија, Сет е познат како бог на хаосот. Луѓето родени под овој египетски знак секогаш бараат промени. Можат цел живот да бараат авантури и возбудувања. Тие си поставуваат високи цели и не запираат додека не ги постигнат. Родени лидери се кои не сакаат да губат или да бидат на второ место. Секогаш ги решаваат проблемите со решителност и упорност. Припадниците на знакот на Сет нема да го жртвуваат својот напредок за доброто на сите други. Луѓето од овој знак се многу дружељубиви и харизматични. Сакаат да бидат во центарот на вниманието. Можат да станат добри министри, мотивациски говорници или продавачи. Луѓето од Сет претпочитаат постапки отколку тишина и осаменост. Сакаат постојано да одат напред. Секогаш бараат дополнителни информации и знаење. Имаат тенденција да станат лидери во области кои не се многу познати за другите.

египет богови хороскоп

Бастет

Датуми на Бастет: 14-28 јули, 23-27 септември, 3-17 октомври

Во египетската митологија Бастет е позната како божица на мачките и божица на задоволството. Ги штити жените и плодноста, како и љубовта. Луѓето родени под знакот на Бастет секогаш бараат рамнотежа и мир. Избегнуваат конфронтација и стресни ситуации. Имаат многу силна интуиција, па дури можат да бидат и видовити. Интуицијата им овозможува да ги видат вистинските мотиви на луѓето. Припадниците на знакот на Бастет се шармантни личности кои сакаат да уживаат во животот. Тие се опкружуваат со пријатни работи. Се инспирираат од музиката и уметноста. Во романтичните врски, тие се лојални и посветени партнери. Тие се многу емотивни и чувствителни, но и ги штитат тие кои ги сакаат. Луѓето родени под знакот на Бастет се мистериозни и ги привлекуваат тајни и окултизам. Нивните активности може да бидат поврзани со окултизам или метафизика.

Сехмет

Датуми на Сехмет: 29 јули- 11 август, 30 октомври- 7 ноември

Во египетската митологија, Сехмет е позната како божица на војната. Таа исто така се смета за исцелител. Луѓето родени под знакот на Сехмет имаат двоен идентитет. Од една страна, тие се дисциплинирани и строги. Од друга страна, се слободни и сакаат да одат само со текот на нештата, без никакви ограничувања. Тие се перфекционисти кои имаат чувство за должност и правда. Можат да станат добри судии и водачи. Припадниците на знакот на Сехмет се многу професионални и доверливи. Многу луѓе ги почитуваат за дисциплината што ја имаат и услугите што ги прават. Нивната главна цел е секогаш да ја задржат гордоста. За нив, ова е исто толку важно како и постигнување на самата цел. Луѓето родени во знакот на Сехмет најдобро се реализираат на власт, но можат да станат и волонтери. Тие се оптимисти и гледаат нешто добро во сите пречки.

Извор: „Аstrologyk“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот