Хороскоп за 9 јули: Замислете си каде сакате да се видите себеси во иднина

Овен

Држете се до вашите вредности и денот ќе помине без никакви проблеми. Не ги слушајте многу другите, водете се по вашите ставови. На професионално поле среќата е на ваша страна и ќе ви се отворат одлични можности. Во љубовта ќе имате неочекувани промени, а ќе имате и нови гледишта на работите.

Бик

Некој би можел да ви помогне на патот по кој сте тргнале. Мора да бидете доволно отворени за она што ви се подготвува како поголем предизвик во наредниот период. Ве очекуваат поголеми пари. Не се откажувате од лицето на кое често мислите. Морате да се опуштите кога станува збор за комуникацијата.

Близнаци

Домашните изненадете ги со резултатите откако тие ќе станат реалност. Имате отворено поле на емоции – за нешто конкретно. Но, не го потценувајте партнерот. Замислете си каде сакате да се видите себеси во иднина. Мора да си поставите цел. Понекогаш талкате во вашите мисли и не се задржувате на ниту една идеја.

Рак

Имате поголема самодоверба и не се плашите да ја покажете. Чекорите храбро спуштени на земја и знаете како да ја контролирате енергијата. Среќата ќе ви биде наклонета на професионално поле, особено ако барате напредување или нова работа. Зрачите со атрактивност и привлечност и подготвени сте за секаков предизвик.

Лав

Пред вас е мошне пријатен ден. Очекувајте мала парична добивка која дополнително ќе ви го разубави денот. А, вечерва, среќата ќе ви донесе некоја посебна личност. Не двоумете се премногу и отидете на забавата на која ве поканиле пријателите. Ќе се вратите препородени дома. Ќе се распрснете од емоции.

Девица

Отсекогаш сте биле неодлучни! И на работа и на поле на љубовта. Не двоумете се, соберете храброст и јавете ѝ се на личноста на која мислевте изминатиов период. Поканете ја на пијалак и ќе видите што ќе ви каже. Ако оди сѐ според планот, тогаш збогувајте се со осамениот период. Ќе влезете во емотивна врска.

Вага

Други ќе ви излегуваат во пресрет и ќе бидат претерано љубезни кон вас, но длабоко во душата ќе почувствувате дека не се искрени. Некои Ваги целосно ќе му се препуштат на светот на фантазијата, за да се оттргнат од љубовната реалност. Сепак, нека не претеруваат. Соочете се со реалните проблеми и решете ги.

Скорпија

Ќе мора да покажете посветеност и да се обврзете за нешто ако сакате плановите да одат подмачкано. Мора да размислувате на долгорочен план. Ќе се фокусирате на приоритетните работи кога се работи за финансии, не се расфрлајте со пари. На љубовно поле размислувате брзо и ќе избегнете грешки.

Стрелец

Во моментот деловниот успех ви е особено важен и ќе направите сѐ што можете за да дојдете до него. Свесни сте дека љубовта поминува и дека односот со партнерот порано или подоцна мора да се одржува на некој вид компромис. Можни се многу нови пресврти во вашиот однос. Немате многу надеж. Чекате чудо!

Јарец

Денес ќе биде вистинско задоволство да се разговара со вас. Не само што шармот ќе ви биде на максимум, туку постојано ќе ги имате правилните зборови во секоја ситуација. Ова е одличен ден за Јарците што имаат работно место поврзано со презентирање, зборување или убедување. Ќе бидете одлични во тоа!

Водолија

Фантазијата ќе ве води низ областа на срцето, па нема да бидете целосно реални. Ќе почнете да се отуѓувате со саканата личност. Ако сакате да ја спасите врската, мора да седнете и да направите здрав муабет. Сѐ уште очекувате да добиете еден одговор, што би можел да ви ја отвори вратата за соработка кон странство.

Риби

Ќе бидете во искушение да направите драматични промени во начинот на живот, но пред да преземете екстремни чекори. Нема да можете толку брзо да се адаптирате на нив. Подобра опција е да се движите полека, чекор по чекор. Не им кажувајте веднаш на пријателите за вашите големи планови. Нека бидат изненадени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот