Хороскоп за 7 април – Прочитајте што ве очекува овој вторник!

Овен

Некоја информација од вашето минато ќе ве натажи и ќе ве потсети на некои нешта кои ненамерно сте ги направиле. Обидете се да го заборавите тоа и продолжете понатаму. Вашето здравје алармира дека е потребно да започнете со некоја физичка активност.

Бик

Деловните состаноци за вас ќе бидат голем проблем бидејќи ќе ви земат дел од приватното време. Но не се лутете, тие ќе ве однесат до поволен профит. Имате среќа во некои избрзани одлуки, но во иднина внимавајте како постапувате. Вашето семејство ќе побара од вас заем, не кријте дека сте во криза, кажете им го тоа.

Близнаци

Имате план за реализација на некои деловни активности, но ви недостасува поддршка од најблиските. Инвестирајте ги парите, но претходно размислете во што, како и колку од тие пари ќе ви се вратат. Потребно е да ги смирите нервите и да не избувнувате за секоја ситница.

Рак

Планирате и пресметувате колку да вложите во вашата следна инвестиција со цел да извлечете поголем профит. Оставете го планот за наредната недела, бидејќи влијанието на Сатурн е неповолно кон вас и вашите финансии. Во семејството ве очекува некаква радост, која уште повеќе ќе ве сплоти.

Лав

Ќе бидете лесно избувливи и ќе реагирате на секој кажан збор. Смирете се и размислете дека тоа воопшто не е поволно, особено на полето на кариерата. Активностите кои ве измачуваат и на кои не можете да одговорите во целост, ќе ви предизвикаат и приватни проблеми. Партнерот е незадоволен од вашите ветувања.

Девица

Ветувате некои нешта за кои не сте свесни дека вас повеќе ќе ве чинат. Помогнете им на пријателите но не до таа мера вие да настрадате. Во следниот период можно е заминување во странство, посета на некој важен семинар и дружба со деловни лица. Искористете ги поволностите.

Вага

Имате недоразбирање со колегите и соработниците, ќе се појави некое ривалство во кое вие ќе загубите. Не се затворајте во себе си, разговарајте отворено со вашите пријатели за случувањата кои ви нанесоа проблеми. Овој период е неповолен да ја напуштите работата, затоа трудете се да ја задржите.

Скорпија

Ќе пристигне финансиска помош од вашиот близок, вие конечно ќе престанете да се грижите и ќе имате повеќе финансии за штедење. Ангажирајте се да работите нешто плус, нешто од кое ќе вадите некој денар повеќе, проверете во огласите или околината дали некаде би можеле да се вклучите. Околината во вас ќе препознае вистински борец.

Стрелец

Возбудени сте од новата покана за работа и навремено ги средувате сите обврски со цел да му се допаднете на потенцијалниот работодавец. Не се грижете планот ќе ви успее, потребно е веднаш да се покажете, а вие тоа одлично го владеете. По кратката обука, новото работно место ќе биде конечно ваше. Во следниот период ќе се средат сите ваши финансиски и социјални проблеми.

Јарец

Сакате некој да биде искрен со вас, но кога тој ќе ви каже што отворено мисли, вие ќе избувнете. Смирете се и не се нервирајте, уживајте во некоја книга, филм или магазин и оттргнете ги проблемите далеку од себе. Од финансиски аспект настапува поволен период во кој успешно ќе ги покривате сите ваши месечни трошоци.

Водолија

Имате недоразбирања со околината и сето тоа е така поради вашата преголема слобода во постапките. Размислете на кого му наштетувате со несоодветното однесување. Во следниот период постои можност да преминете на некој друг проект кој можеби нема да ви носи толку приходи но сепак ќе биде посигурен.

Риби

Денешниот ден ќе ви биде исполнет со среќа. Пријателите и роднините ќе ве израдуваат со некоја убава вест која кај вас ќе пробуди длабоки емоции. Периодот е поволен за преземање на поголеми обврски на работното место, бидејќи имате сила и знаење сите да ги исполните. Во вашиот живот ќе се појави личност која ќе ве промени комплетно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот