Хороскоп за 3 август: Раковите ќе флертуваат со колега, пред Скорпиите дилема

Овен
Иако има опција да ја смените работата, чувството на сигурност кое сегашното место ви го пружа не ви дава така лесно да се одлучите на тој чекор. Во недостиг на концентрација и преголем замор, правите повеќе грешки од обично. Доколку денеска започнете нова врска, таа ќе биде долготрајна и многу значајна.

Бик
Ќе имате многу интересни идеи за тоа како да го поминете денот, а повеќето ќе вклучуваат вкусна храна, пијалак и добро друштво. Нема да ви биде жал ако одите кај некого да го посетите, а особено ако тоа вклучува патување во друг град. Промената на средината ќе ве препороди. Ќе се вратите за уште едно искуство побогати.

Близнаци
Денот ќе ви донесе некои вести кои ќе ве изненадат. Внимавајте кому му верувате – не секогаш намерите на овие околу вас се чесни. Имате нагли промени на расположението, па тоа е знак дека треба малку да одморите. Излезете надвор од градот и наполнете ги батериите. Во љубовта сé оди „како подмачкано“.

Прочитајте и...  Бендот „Дупер“ има нова песна: Слушнете како звучи „Единствен начин“

Рак
Ништо нема да ве опушти како ден поминат во друштво на пријателите. Уште од рано наутро ќе бидете во погон па постојано некаде ќе одите и ќе се среќавате со многу луѓе, а посебно ќе ве развесели што ќе видите и една мила личност која веќе долго не сте ја сретнале. Некои Ракови ќе се впуштат во флерт со колега од работа.

Лав
Ќе ве вознемири конфликт со некој колега на работа. Иако ќе бидете повредени од неговите критики, ќе се обидете да се воздржите од злобните коментари, бидејќи подоцна ќе ви биде жал. Емоционалното незадоволство ќе се обидете да го решите со храна, но внимавајте да не имате подоцна проблем со килограмите.

Девица
Имате изразена потреба да избегате од секојдневието, па денес денот е поволен за некое кратко патување каде ќе можете да се „исклучите“ од сѐ и да се одморите. Потреба ви е голема промена, но почнете со мали чекори. Во љубовта, морате да научите да направите компромис за одредени нешта.

Прочитајте и...  Стручњаците предупредуваат: Сонот е пресуден за здравјето на мозокот!

Вага
Денес бидете непредвидливи! Луѓето ќе ги обожаваат вашите необични реакции, па покажете ја вашата ексцентрична и експресивна страна. Влијателна личност ќе ви ја сподели тајната како се стигнува до врвот, но за да ја искористите, потребно е да ризикувате. Не се фокусирајте на ситници.

Скорпија
Време е да се ставите самите себе на прво место и да се погрижите за она што вие самите го сакате. Престанете да се извинувате ако не можете да им помогнете на луѓето околу вас. Имате добра контрола врз емоциите и не дозволувате да ви го заматат умот. На љубовно поле ви претстои една дилема.

Стрелец
Денес ќе бидете тмурно расположени, ќе барате мани и таму кај што ги нема. Ќе бидете склони да ги преувеличувате критиките, па ќе реагирате остро на коментари кои обично не би ви оставиле впечаток. Внимавајте на односот со еден колега. Ако со денови одбивавте нечија покана за излегување, сега прифатете ја.

Прочитајте и...  Ана Николиќ: Требаше да се занимавам со друга професија, но моите родители рекоа „не“

Јарец
Денес сретнете се со лица со кои обично не комуницирате. Време е за нови пријателства или продлабочување на врските со лица кои сте ги запознале неодамна. Иницирајте заеднички коктел средби или договорете голем собир за ручек/вечера. Некои Јарци ќе го добијат повикот кој долго време го очекувале.

Водолија
Денес ќе се најдете во ситуација во која ќе мора да размислите со „ладна глава“ и да ги тргнете емоциите на страна. Внимавајте на што ги трошите парите и направете подобра организација на финансиски план. Во љубовта, не се плашете на глас да кажете што точно сакате. Не заобиколувајте ги важните теми за разговор.

Риби
Денес ќе бидете спонтани и благодарение на тоа, ќе нижете незаборавни моменти. Никој нема да може да ви ја скроти желбата за забава. Гледајте го партнерот низ романтично светло. Навратете се на спомените и видете дали уште постои онаа слатка карактеристика која ве привлече кон него на почетокот.

Прочитај повеќе

Ќе биде исполнета последната желба на Исидора Бјелица! (ФОТО)

Васко Спасоски

Нов урнебесен тренд на интернет: Луѓето ги глумат своите партнери (ВИДЕО)

Слободен Печат

Хајди Клум се сликаше скроз гола, но погледнете кој лежи покрај неа! (ФОТО)

Васко Спасоски

Посветете се на менталното здравје: Физички симптоми кои ги предизвикува осаменоста

Слободен Печат

Доста е, ми треба мир: Пејачката Анабела се повлекува од музиката и јавниот живот!

Васко Спасоски

Легендарната Софија Лорен по 11 години се враќа на филмското платно!

Слободен Печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Покрај тоа што кажува добри вицеви, Сашко Коцев знае да биде и романтичен: Актерот со фотка од него и сорпугата Смиљана ја одбележа годишницата од бракот! (ФОТО)

Васко Спасоски

Пиел по 50 кафиња на ден: Најчудните навики на познатите писатели!

Слободен Печат

Стручњаците предупредуваат: Сонот е пресуден за здравјето на мозокот!

Слободен Печат

Цеца Ражнатовиќ денеска беше на судење со Јелена Карлеуша со чанта од 2.300 евра! (ФОТО)

Васко Спасоски

Дали се сеќавате на футуристичкото семејство „The Jetsons“? Првата анимирана серија во боја на тв-мрежата ABC (ВИДЕО)

Слободен Печат

Пејачката Сара Мејс позира во интересен фустан со висок шлиц (ФОТО)

Васко Спасоски