Хороскоп за 29 април – Погледнете што вели хороскопот за оваа среда

лав хороскоп

ОВЕН

РАБОТА: Полни сте со ентузијазам, уживајте во пријатните моменти и целиот ден искористете го за разговори со пријателите и блиските.

ЉУБОВ: Насочете се кон тоа целосно да ги задоволите потребите на партнерот, пријатно ќе го изненадите, а и самите ќе бидете среќни.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

БИК

РАБОТА: Денес ќе запознаете многу интересни луѓе кои барем за малку ќе ви го збогатат животот и ќе ве исполнат.

ЉУБОВ: Ве очекуваат многу убави љубовни моменти, важно е само да бидете отворени и расположени за експериментирање.

ЗДРАВЈЕ: Подобрување на ситуацијата.

БЛИЗНАЦИ

РАБОТА: Ќе добивате многу признанија од луѓето околу вас, посебно затоа што сте расположени да помогнете и да бидете поддршка за луѓето околу вас.

ЉУБОВ: Не заборавајте на партнерот, посветете му доволно внимание и одлучете се за компромис.

ЗДРАВЈЕ: Проблеми со камчиња и песок во бубрезите.

РАК

РАБОТА: Бидете искрени и отворени, тоа најмногу ќе ви се исплати, посебно за личен развој и среќа. Не се откажувајте од замисленото, денес имате најголема можност да си ги остварите целите.

ЉУБОВ: Во љубовта ситуацијата е на највисоко можно ниво. Нема што повеќе да барате.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со притисокот.

ЛАВ

РАБОТА: Употребете ја вашата имагинација за да избегате од рутината. Не се обидувајте да се напрегнувате, денес е вашиот ден за одмор и релаксација.

ЉУБОВ: Во љубовта саканото лице ќе ве изненади со некој предлог. Ќе бидете позитивно изненадени.

ЗДРАВЈЕ: Намалете го стресот.

ДЕВИЦА

РАБОТА: Бидете реалистични и ќе дојдете до работите кои одамна ги посакувате, цврсто држете се до вашите ставови и не се откажувајте.

ЉУБОВ: Потпрете се на вашата интуиција на љубовен план, таа дефинитивно нема да ве излаже, туку ќе ви помогне да сфатите одредени работи.

ЗДРАВЈЕ: Се очекува подобрување на ситуацијата.

ВАГА

РАБОТА: Очекувате да добиете признание од другите, но најважно е истото сами да си го дадете. Не очекувајте некој друг да ви ги заврши обврските.

ЉУБОВ: Во љубовта пронајдете начин да го зајакнете односот со партнерот. Оние кои се во подолги врски ги очекува понуда за брак.

ЗДРАВЈЕ: Внимавајте како се храните.

СКОРПИЈА

РАБОТА: Немате доверба во соработниците. Ве советуваме да не ги откривате вашите планови.

ЉУБОВ: Ве очекуваат многу нови позитивни промени, немате причина за страв од иднината. Дајте си одредени ограничувања и ќе успеете да напреднете на љубовен план.

ЗДРАВЈЕ: Направете детоксикација на телото.

СТРЕЛЕЦ

РАБОТА: Време е да им покажете на луѓето околу вас за што сте способни, бидете креативни и не се откажувајте од целите.

ЉУБОВ: Внимавајте само да не го игнорирате партнерот, посветете барем краток дел од вашето внимание и на него.

ЗДРАВЈЕ: Зголемете ја физичката активност

ЈАРЕЦ

РАБОТА: Денес дефинитивно нема да ви биде здодевно, ќе најдете начин како да си креирате илјадници задачи и обврски со кои ќе се занимавате.

ЉУБОВ: Ве очекува хармонична атмосфера на љубовен план, не ја расипувајте.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

ВОДОЛИЈА

РАБОТА: Денес сте во одлично расположение, само релаксирајте се и мирно започнете со подготовки за идните успеси во работата.

ЉУБОВ: Ве нервира однесувањето на партнерот. Не ви одговараат неговите постојани изговори.

ЗДРАВЈЕ: Проверете го здравјето на бубрезите

РИБИ

РАБОТА: Посветете им внимание на приоритетните обврски и дозволете си малку одмор.

ЉУБОВ: Еден телефонски повик ќе ви донесе многу позитивни промени на емотивен план, без страв од иднината.

ЗДРАВЈЕ: Проверете си го шеќерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот