Хороскоп за 27 јуни – Прочитајте што ве очекува оваа сабота!

ОВЕН
Харизматични сте и добро се снаоѓате во работната средина. Во љубовта сериозно го разгледувате вашиот однос, особено ако досега сте имале несогласувања со партнерот. Се чувствувате несакано.

БИК
Од големо значење ќе биде вашата врска со соработниците, колегите и шефовите. Можни се проблеми поради вашите невнимателни реакции. Ќе чувствувате замор и нервоза.

БЛИЗНАЦИ
Имате шанса да влезете во нова врска или да постигнете рамнотежа, преку компромис, во сегашната врска. Секој ваш потег ќе зависи од партнеровата иницијатива. Внимавајте на грешките.

РАК
Искоритете го денов и обидете се да ја преземете ситуацијата во свои раце. Можеби ќе мора да бирате помеѓу партнерот и кариерата. Исто така се можни и романтични односи помеѓу вас и колеги од работа.

ЛАВ
Ако не сте во врска, ова ќе биде тежок период за вас. Поголем дел од времето ќе го поминувате со пријателите и со семејството. Барате сензуален и емотивен партнер кој може да ги поддржи вашите потреби и желби.

ДЕВИЦА
Бидете концентрирани на сè друго освен на љубовта. Давате приоритет на други обврски. Можни се недоразбирања со членовите на семејството.

ВАГА
Ќе ја подигнете врската на следно ниво. Потребни ви се мир и рамнотежа во животот, како и релаксирачка комуникација со партнерот. Ако не сте во врска ќе поминувате многу време во разговори на телефон, интернет или лице во лице со личноста која ви се допаѓа.

СКОРПИЈА
Очекувајте компликации во комуникацијата. Ќе бидете уморни и ќе ви недостига концентрација. Во љубовта ќе се соочувате со проблеми.

СТРЕЛЕЦ
Емоциите ќе ги задржувате во себе, што ќе биде проблематично за вашата врска. Слободните Стрелци денеска ќе сакаат да останат слободни. Можни се проблеми со крвната слика.

ЈАРЕЦ
Ве очекуваат проблеми од минато со кои треба да се соочите. Имате силна интуиција која треба да ја искористите на вистинскиот начин. Бидете внимателни.

ВОДОЛИЈА
Можни се несогласувања и погрешни заклучоци. Најдете начин да ги смирите вашите страсти. Не сте сигурни што сакате, но сè зависи од вас.

РИБИ
Фокусирајте се на најбитните обврски. Ве очекуваат патувања, договори и нови обврски. Бидете флексибилни. Ќе мора да вложите многу напор да стигнете до целта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот