Хороскоп за 22 август, сабота: Ѕвезите ни носат убави работи!

Овен

Доколку планирате да забележите успех, ве советуваме да преговарате со лице родено во знакот на Лав. Расчистете со минатото пред да започнувате нова љубов. Паровите што се во брак ќе бидат во хармонија. Ќе бидат како на втор меден месец, без разлика дали се дома или на некое патување. Романтика.

Бик

Ве очекува голема љубов со личноста која ќе ја запознаете на некое пријателско или релаксирано дружење. Неделата е поволна за да отпатувате на годишен одмор или барем на краток одмор од работата. Едноставно не се оптоварувајте со обврски. Прво одморете, а потоа со голем елан ќе им се посветите на обврските.

Близнаци

Можно е сериозно да размислувате за менување на работата. Наскоро ќе ви се пружи шанса за такво нешто. Ако сте слободни, на емотивното поле ќе имате интересно познанство и шанса за флерт и необврзувачка врска. Посветени сте на заработувачката и многу ви е важно во работна смисла да постигнете сигурност.

Рак

Некои тајни би можеле да испливаат на површина и да ви го разјаснат она што до неодамна ве измачуваше. На работното место денеска максимално ќе се служите со интуицијата. Таа одлично ќе ве води и ќе ви ги даде одговорите што ги баравте. Ќе добиете нови одговорности кои ќе морате да ги извршите беспрекорно.

Прочитајте и...  Били Ајлиш повторно ја отвори најпопуларната дебата од 2015 година: Која боја се патиките? (ФОТО)

Лав

Овој ден ќе доживеете повеќе критики отколку вообичаено. Не се фрустрирајте поради тоа туку пронајдете начин да ги поправите грешките. Сѐ уште не сте преболеле некоја личност од минатото. Направете го тоа конечно. Пред вас е интересно познанство и средба со личност која ќе покаже интерес кон вас.

Девица

Можно е да вложите во нешто кое нема да ви се исплати. Следете ги вашите инстинкти. Денес нема да се знае кој јаде, а кој пие. Многу конфузни ситуации на работното поле. Вашите претпоставени денеска нема да бидат сигурни што навистина сакаат, но затоа вие и колегите ќе знаете што треба да направите.

Вага

Ве очекува значително материјално подобрување како и можности да остварите некои потфати кои ги планиравте во тајност. Во вас се будат силни емоции и страсти кон едно лице, имате голема желба да бидете со него, но, премногу ги слушате озборувањата и „добронамерните“ совети на околината. Игнорирајте!

Прочитајте и...  Невообичаен симптом на коронавирусот кој лекарите се уште не можат да го објаснат!

Скорпија

Мали конфликтни ситуации со авторитетни личности можат да ве очекуваат во наредниот период. Не ви е баш лесно да ги почитувате сите правила. Пред вас е можност за отворен разговор со личност за која многу се грижите. Партнерот ќе ви покаже дека нема доволно доверба во вас. Вашиот однос е под знак прашалник.

Стрелец

Препорака е максимално да се посветите на обврските да за успеете да ги остварите своите планови. Ако сте сакале прекин на врската, ве очекува период во кој ќе имате шанса за такво нешто. Водете смета околку уринарниот тракт. Сте го преболеле партнерот со кој во минатото сте имале тешка емотивна врска.

Јарец

Не сакате да се откажете од плановите кои сте си ги зацртале иако насекаде околу вас се негативни настани. Доколку сте слободни ве очекува поволен ден да остварите некое ново познанство. На службено патување ќе сфатите дека треба да прифатите она што другите ви го предлагаат, заедно со ризикот што оди со тоа.

Прочитајте и...  Погледнете го новиот спот на Аријана Гранде кој крена прашина околу изборите: Жената не е само за во кујна претседателе! (ВИДЕО)

Водолија

На повеќето љубовни случувања вие ќе најдете некаква забелешка и ќе се конфронтирате. Намерно покажувате тврдоглавост. Обидете се работите да ги гледате со помалку строгост и опуштете се. Можни се неконтролирани финансиски издатоци. Држете се до зацртаниот план и правете минимални.

Риби

Не навалувајте се премногу за да не паднете преку оградата. Чувајте го она што го имате и уживајте со цело срце во тоа. Во љубовта размислувате за вашите потреби, а сега е време и да разговарате за нив. Лесно ќе се справувате со предизвиците и ќе знаете како да ги избегнете негативните луѓе.

Поврзани вести

Кои симптоми откриваат дека мора да ја проверите тироидната жлезда?

Слободен печат

Виц на денот: Салон за убавина

Слободен печат

Популарната серија „Animaniacs“ се враќа на малите екрани: Стивен Спилберг ги зафаќа актуелните теми во општеството (ВИДЕО)

Слободен Печат

Хју Грант и Никол Кидман во „Слом“

Слободен печат

Лекување заразени со ковид-19 со крвна плазма од оздравени е од мала корист

Слободен печат

Кои хороскопски знаци најтешко кажуваат: „Те сакам“

Слободен печат

Остави Коментар