Хороскоп за 17 август, понеделник – Почетокот на неделата ќе ви донесе среќа

Овен

Пред вас е позитивен ден кој може да ви донесе некои нови вести. Јасно ви е дека односот со саканата личност оди во погрешен правец, но и вие веќе не знаете како да го смените. Избегнувајте пороци. Чувствителност околу градите. Поволен ден за работна комуникација. Ако сте слободни, може да очекувате ново познанство кое ќе ви биде симпатично.

Бик

Трудете се да остварите добри резултати на работа. Подготвени сте да се посветите на вашите обврски. По долго време може да очекувате познанство на љубовното поле. Се чувствувате подготвени за почетокот на нова врска. Со личноста што ќе ја запознаете, макар на почеток и да ви изгледа дека немате ништо заедничко, не откажувајте се веднаш на првата препрека.

Близнаци

Вашиот оптимизам ќе биде заразен и ќе добиете што и да посакате. На работното место ќе имате можност за напредок, но размислете дали треба да ја искористите. На поле љубов ситуацијата станува подобра. Ако сте сингл, размислете за вашето однесување. Обидете се да бидете пореалистични со вашите очекувања. На работното место слободно кажете го вашето мислење, сигурно ќе бидете во право.

Рак

Денес треба да ги отворите ширум очите и уште. Можни се мали конфликти со претпоставените. Во прашање се некои сплетки. Ве очекува фаза во која ќе имате нестабилна состојба во областа на работата. Во моментов имате проблеми со саканата личност и не е лесно да ги решите. Љубовните маки ќе потраат. Потрудете се максимално, за да не ве боли главата отпосле.

Лав

Среќата е на ваша страна кога станува збор за работата. Може да се надевате дека ќе бидете многу задоволни од завршената работа денес. Ги решивте проблемите кои ги имавте со саканата личност и подготвени сте да продолжите понатаму заедно, посилни од кога било. Ако сте сингл, низ интересна комуникација со личноста која ви се допаѓа успевате да ја шармирате.

Девица

Убав ден на работа. Ќе бидете мотивирани и полни со елан. Соработките ќе бидат профитабилни за вас денес, па ако ви се пружи шанса за заедничка инвестиција или за партнерство, прифатете. Важно е да не очекувате резултатите да дојдат преку ноќ. Среќна случка ќе ви ја покаже моќта на колективот и заедницата. Разбудете ја вашата хуманост во претстојните денови.

Вага

Многу е веројатно дека ќе се натпреварувате со саканата личност околу надмоќ во врската. Тврдоглавоста нема никого да направи среќен. Ќе верувате дека сте на добар пат, но вашите реакции ќе бидат необмислени. Парите и комуникациите ќе бидат главни обележја на работниот ден. Ќе се занимавате со финансиски теми. Главно доборо ќе се снаоѓате.

Скорпија

Ден полн со докажувања. Денес ништо нема да ви го расипе расположението и ќе бидете мотивирани да работите на личните цели. На работното место обидете се да го подобрите односот со колегите. Доколу сте во врска, разговарајте со партнерот. Ќе сфатите дека имате многу повеќе заеднички нешта отколку што мислевте. Ќе ви предложи да живеете заедно.

Стрелец

Ви претстои договор во врска со вложување или состанок со спонзори. Ќе биде малку тензично. Обидете се да бидете појасни. Денес ќе поработите на развојот на еротската страна на врската. Ќе настојувате што побргу саканата личност да ја однесете во кревет. Ако имало помали недоразбирања меѓу вас и саканата личност, денес ќе успеете да ги смирите работите.

Јарец

Денес ќе имате голема среќа, па може да очекувате решение на работна дилема која сте ја имале од порано. Имате среќа кога е во прашање емотивното поле. Многу работи на ова поле ве оптоваруваат, но ќе ги средите. Следете ги идеите што ги имате и своите цели. Ако сакате промени во односот со партнерот, покажете му што сметате дека е потребно да менува.

Водолија

Прифатете ја понудата за која се двоумите долго време. Не ви е лесно да одржите стабилност. Во недоумница сте кога е во прашање љубовта. Личноста која ви се допаѓа се однесува мошне ладно со вас. Можно е на некој начин да сте доведени до заблуда. Вашите понекогаш непромислени и брзоплети одлуки ве доведуваат до колапс. Се чувствувате како да немате повеќе идеи.

Риби

Доколку се занимавате со приватен бизнис, пред вас е поволен период за нова соработка која може да ви донесе заработка. Партнерот покажува дека веќе не е среќен во бракот и од вас бара да се промените. Ако не поработите на себе и ако не му покажете дека ги почитувате неговите желби и забелешки, ќе го изгубите. Не вреди да му ставите крај на бракот поради вашата тврдоглавост и неодговорност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот