Хороскоп за 11 февруари 2020: Пред Стрелците е одличен ден за љубов, Скорпиите ќе се разочараат на работа

зодијак

ОВЕН
Во некои работи дефинитивно претерувате и треба да размислите колку воопшто тоа ќе ви користи. Не ги присилувајте другите да прават работи на вашиот начин. Лицето што ви се допаѓа од вас извлекува голема количина на добра енергија, духовитост и ентузијазам.

БИК
Мислите премногу за нечии зборови. Нема потреба да ги доживувате како критика, туку како упатство како да функционирате понатаму. Ве очекуваат убави моменти со саканата личност. Здравјето ви е одлично.

БЛИЗНАЦИ
Иако деловниот сегмент понекогаш е прикажан како хаотичен, вие сте повеќе од добри во вашата конфузија. Во емоционален живот, односот помеѓу вас и саканата е позитивно решен. Се чувствувате повеќе од добро и лесно го пренесувате вашето расположение кон вашиот партнер.

РАК
Енергијата на овој ден е сосема пријатна за вас. Подготвени сте да свртите нов лист и ќе направите одличен потег денеска. Имавте многу отежнувања, кои лесно ќе ги надминете. Ќе имате одлични контакти со спротивниот пол.

ЛАВ
И покрај лошите аспекти на ѕвездите, вие давате се од себе на поле на работа. Истрпете, ќе поминат тешките мигови. Воопшто не се вклопувате во комуникацијата со личност која ви се допаѓа одамна. Таа личност не ве заслужува. Изборете се за себе.

ДЕВИЦА
Со тешко срце признавате дека работите не одат најдобро. Потребна ви е самостојност на работното место, но тоа не доаѓа така лесно. Делувате недопирливо и личноста на која и значите се лути поради тоа. Внимавајте на туѓите чувства. Проверете го хормонскиот статус.

ВАГА
Се враќате на старите навики и старото темпо на работа. Немате потреба да се чувствувате лошо, бидејќи сите работи ви се јасни. Се појавува личност од минатото. Мора да завршите со таа приказна наскоро. Можни се болки во мускулите.

СКОРПИЈА
Овој ден ве очекува пријатно изненадување од партнерот. Ако сте во брак, внимавајте на зборовите кои ги кажувате. Опуштете се, овој ден е како создаден за љубов. Внимание за хроничните болни. Јадете поздраво.

СТРЕЛЕЦ
Одличното расположение ќе ве следи во текот на целиот ден. Идеите не се лоши, само потребно е да ги дискутирате со другите. Ќе се разочарате од вашите претпоставени. Сугестивно делувате на партнерот. Премногу сте интиуитивни кога станува збор за емоциите. Не сакате да сте сами.

ЈАРЕЦ
Идеите со кои ќе се занимавате во првиот дел на денот ви овозможуваат разрешување на една поголема ситуација. Свесни сте колку вредите и тоа е добро. Ќе се потрудите да разговарате и да ги средите работите и ве очекува интересна дискусија со саканата личност.

ВОДОЛИЈА
Ве мачат одредени дилеми кои премногу сте ги сфатиле, а не треба така. Чувствувате потреба да поправите нешто. Некој ви се меша во врската и почнува да ве иритира нивното присуство. Подготвени сте за конфликт. Здравјето ви е добро.

РИБИ
Другите луѓе ве доживуваат како голем мудрец, а вие не сте свесни за тоа. Денес, многумина ќе ве прашуваат за совет. Полето на страсти е многу силно, но морате да бидете опуштени и суптилни во своите намери кон една личност. Можни се треска и настинка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот