ХОРОРОТ НА ХАЛКИДИКИ СНИМЕН ОД ВОЗДУХ (ФОТО)

Објавени се и првите фотографии од Халкидики направени од воздух.

Бројот на загинати во силното невреме на Халикидики порасна на седум откако денеска е пронајдено телото на маж во областа кај Неа Каликратија, јавува Катимерини.

Форензичарите ќе истражуваат дали телото му припаѓа на 62-годишниот рибар кој исчезна во морето кај Каликратија во средата вечер.

Портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас рече дека ќе биде понудена помош за три општини на Халкидики заради реконструкција.

Тој додаде дека сервисот, со кој се испраќаат предупредувања на мобилни телефони се уште не е во функција во Грција и порача дека е приоритет на владата да го активира.

Сите болници и здравствени центри на северот од Грција се ставени во состојба на подготвеноста, пренесе АНА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот