ХОРОР ВО ЗЕНИЦА: Девојка во рака држела рачна бомба, а потоа се стресе целата зграда

Дваесетидвегодишната Ч.Н. од Зеница извршила самоубиство со активирање на рачна бомба.

До оваа незапаметена трагедија дошло во станбениот комплекс „Макови“ на Црквичко Брдо, а која ги вознемирила станарите.

Девојката од непознати причини ја активирала бомбата еден час по полноќ.

Според портпаролката на полицијата Алдина Алиќ, до трагедијата дошло со активирање на експлозивната направа.

„Најверојатно се работи за рачна бомба. Во таа прилика настапила смрт за девојката од Зеница, која во тој момент била сама во станот“, вели Алиќ.

Увид на лице место извршил деурен обвинител, а според сите собрани докази, најверојатно се работи за самоубиство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот