Хорор во Виена: Мајка си ги убила трите деца, па се заканила со самоубиство (ВИДЕО)
Aвстриската полиција ја истражува смртта на две девојчиња и едно момче во Виена чија мајка денеска е уапсена денеска откако повикала полиција и кажала дека ги убила своите деца, пишува хрватскиот Index.hr.
31-годишната жена рано утрово повикала полиција и рекла дека ги убила своите деца и дека сака да изврши самоубиство, соопшти виенската полиција.
Полицијата пристигнала во станот во областа Донауштад, каде мајката е уапсена со повреди кои сама си ги нанела, и ги пронашла телата на деца.
Тригодишно девојче и осуммесечно момче биле веќе мртви, а најстарото, деветгодишно девојче сè уште давало знаци на живот, па итно било пренесено во болница, но лекарите не успеале да ја спасат.
Судскиот лекар рекол дека децата најверојатно починале од задушување. Сепак, засега не е познат мотивот за убиството.
Мајката и таткото на децата се повредиле меѓусебно при насилна расправија пред неколку недели. По инцидентот, властите му наредиле на таткото привремено да се исели од станот, соопшти полицијата.