Хорор во тетовско: Застрелано малолетно момче од другарот кој пронашол дома пиштол

Илустрација/Архива на Слободен печат

Вчера во 15.06 часот во СВР Тетово, од Клинички центар Тетово било пријавено дека во Хирушкото одделение бил донесен 17-годишник од с.Пирок, општина Боговиње, со рана од огнено оружје во пределот на градите.

По преземени мерки било утврдено дека во домот на Ј.М. во с.Пирок, кој бил во Швајцарија, неговиот син и повредениот малолетник го пронашле пиштолот и додека синот на Ј.М. го држел пиштолот испукал еден куршум.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот