Словачка полиција/Фото: EPA-EFE/JAKUB GAVLAK

Хорор во Словачка: Најмалку двајца загинати во напад на ученик со нож во училиште

Најмалку две лица загинаа кога ученик изврши напад со нож училиште во источна Словачка, јави денеска телевизијата ТА3.

Словачката новинска агенција ТАСР објави дека нападот се случил во градот Списка Стара Вес.

Во училиштето се распоредени возила на брза помош, јави ТА3, додавајќи дека освен двајцата потврдени починати, уште едно лице е во критична состојба.

Според информациите на словачката ТВ Маркиза, осомничениот во четвртокот наводно полагал комисиски испити во дадената гимназија, во која се префрлил од гимназијата во Кежмарок. Тој, исто така, во минатото се заканувал дека ќе ги нападне соучениците.

„Настанот е без преседан во историјата на градот“, јави репортерот. Тој потврди дека лицата кои не го преживеале нападот се наставник и ученик и се уште не се знае вкупниот број на повредени.

„Сторителот е уапсен, а беше во бегство повеќе од еден час, полицијата ги предупреди жителите да не се обидуваат да го фатат“, додаде Јозеф Сливенски. Сите служби за итни случаи се на лице место.

Словачкиот претседател Петер Пелегрини го нарече нападот во Списка Стара Вес вистинска трагедија и изрази сочувство до семејствата на жртвите.

„Ниту еден проблем во светот не може да се реши со нож или со кое било друго оружје. Сепак, мирно и цивилизирано решавање на какви било спорови, без омраза и насилство, мора да биде цел на целата нација и на целото општество. Секој треба да придонесе за тоа на свој начин за атмосферата и нивото на меѓучовечките односи да не создаваат простор за насилни дејствија со човечки жртви“, рече Пелегрини.

Набргу по нападот, се огласи и средношколскиот совет. Претставниците на средношколците велат дека се шокирани и ја повикуваат јавноста да престане со омразата во општеството.

„Училиштата треба да бидат место каде младите растат, учат и сонуваат за подобра иднина. Наместо тоа, сведоци сме на насилство и омраза кои се пронаоѓаат во нашите училници. Трагедијата што се случи во гимназијата во Списка Стара Вес“, е заканувачки сигнал за целото општество“, пишува советот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот