Најмалку 18 цивили настрадаа кога два автобуси налетаа на мини во близина на градот Салами во сириската покраина Хама, јавува телевизијата Ел Ихбарија.
Како што пренесува руската агенција ТАСС, повеќе лица се повредени во несреќата.
Според првичните информации, мините ги поставиле припадниците на таканаречената Исламска држава.
Сириската војка на 24 февруари го одврати нападот на Исламската држава во сириската пустина, а притоа настрадаа 9 војници.