Хорор во САД: Брат на поранешна НФЛ ѕвезда влета на терен и застрела тренер

Принтскрин/Твитер

Натпревар во младински категории во американски фудбал во Далас, САД трагично заврши за тренерот Мајк Хикмон на една од екипите бидејќи беше застрелан од навивач кој влета на теренот.

На социјалните мрежи се појави видео снимка на која се гледа како доаѓа до прекин на натпреварот поради незадолни навивачи кои влетаа на теренот по што настана хаос на теренот и во еден момент се слушнаа истрели.

Тренерот на едната екипа, Мајк Хикмон остана да лежи на теренот, а веднаш притрчаа да му укажат помош, но за жал тренерот им подлегна на повредите.


Полицијата веднаш објави потерница по првооомничениот за убиството на Хикмон, а тоа е братот на поранешната НФЛ ѕвезда, Акиб Талиб. Според очевидци на несреќниот настан, и Акиб Талиб бил присутен на натпреварот што се играл во Далас, но не учествувал во инцидентот.

Осомничениот Јакуб Салик Табик во понеделникот сам и се предал да полицијата во Далас која го идентификува како првоосомничен за убиството на несреќниот тренер Хикман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот