Хорор во Русија: Мечка распарчи кампер

Мечка
Мечка/илустрација фото: EPA-EFE/MYKOLA TYS

Камперот Евгениј Старков (42) бил нападнат и изеден од мечка во национален парк во Русија.

Тројца негови пријатели гледале како се развива хоророт пред нивните очи, пренесува Daily Mail.

Тие во паника седум часа без обувки оделе за да ги алармираат надлежните.

Спасувачките екипи не биле во можност да се приближат до местото на несреќата со хеликоптер поради лошите временски услови во Националниот парк Јергаки во Сибир.

Антон Шелкунов (42) ги раскажал деталите за застрашувачкиот напад во 6 часот наутро кога одеднаш се појавила мечка на само 20 метри од нив.

– Почнавме да ги пакуваме своите ранчови, имаше два шатори, ја свртев главата и видов мечка која гледаше во нас. Мечката рикаше и се упати кон нас – рече тој.

Старков и неговите пријатели Евгениј Доброродни (33) и Павел Земцугов (32) се исплашиле и пробале да избегаат, но Старков, бил фатен.

– Погледнав, а мечката не следеше. Се искачивме на висина од околу 50 метри и го видовме местото каде што беа нашите шатори, ги видовме телото и мечката како стојат таму. Таа го раскина и го гризаше неговото тело, потоа повторно нè виде и се вознемири, а ние се искачивме повисоко – рече тој.

Директорот на националниот парк, Игор Гризин, ја потврди оваа вест.

Портпаролката на рускиот истражен комитет, Јулија Арбузова, изјави дека туристите сами го пријавиле нападот, а телото сè уште не било пронајдено, пренесува Курир.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот