Хорор во Парагвај: Во контејнер од Србија нашле 7 трупови, жртви на канибализам меѓу мигранти

Фото: MAURO PIRIS, LaNacion

Првичната истрага укажува дека седумте трупови колку што се пронајдени во контејнер кој стигнал од Србија во Парагвај, може да им припаѓаат на илегални мигранти.

Во Парагвај пронајдени тела во фаза на распаѓање кои пристигнале во контејнер од Србија (ВИДЕО)

Патологот Роза Ромеро за весникот „Насион“ изјави дека постои можност дека имало случаи на канибализам, дека едно од лицата „конзумирала“ човечко месо поради недостаток на храна“, но дека тоа ќе може да го потврди дури кога ќе бидат готови наодите од обдукцијата.

Ромеро рече дека телата се во состојба на распаѓање што наведува на заклучок дека умреле набрзо откако контејнерите ја напуштиле Србија.

„Не станува збор за деца, се работи за покрупни лица“, рече Ромеро и додаде дека мисли дека станува збор за возрасни мажи.

Телата се пронајдени меѓу остатоците од вештачко ѓубриво, па не е искучено дека починале од труење или задушување.

Во едне од шесте контејнери кои во Парагвај пренесувале ѓубриво од Србија се пронајдени седум черепи и човечки остатоци во поодмината фаза на распаѓање, потсетува парагвајскиот весник.

Претставник на компанијата која увезувала ѓубре објаснил дека човечките остатоци се пронајдени во четвртиот контејнер кој е отворен и дека постојат уште два за преглед.

Товарот е испратен во јули од Србија и досега не е познато дали на него имало заштитен печат пред да биде отворен во квартот Санта Марија во главниот град на Парагвај Асунсион.

Обвинителот Марсело Салдивар соопшти дека се пронајдени седум трупови, но не е исклучено дека може да бидат и повеќе.

Сведоци наведуваат дека покрај телата се пронајдени лични работи, како ранци и облека, како и некои документи на кирилица и телефонски картички.

(Извор: Ослобоѓење.ба)

ВИДЕО: Српските власти откриваат детали за контејнерот на смртта, мигрантите од Шид стигнале до Парагвај

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот