ХОРОР ВО ПАКИСТАН: Експлодирала бомба скриена во вреќа со компири, имамот мета на екстремисти

Во експлозија во џамија во Пакистан загинале две, а ранети се 12 лица.

Во петок во текот на молитва во џамија Рехманија во градот Квета во пакистанската област Паштунабад дошло до експлозија, јавува Данија њуз.

Најмалку две лица загинале, а 12 претрпеле тешки повреди во силна експлозија, наведуваат локалните медиуми.

Епицентарот на експлозијата била на местото каде што стоел имамот.

Данија њуз пренесува дека бомбата била скриена во вреќа со компири. Ниедна група не ја презела одговорноста за нападот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот