Хорор во Осиек: Млада девојка убиена од нејзиниот дечко полицаец

Синоќа околу 22.05 часот во стан во Осиек е убиена 21-годишна жена, соопшти хрватската полиција. Од полицијата тврдат дека во моментов не можат да дадат повеќе информации, освен што смртта на девојката била предизвикана од огнено оружје, кое било службено оружје на полицаец кој не бил на должност. Неофицијално се работи за момчето на убиената девојка, но се уште не се познати околностите на нејзината смрт.
„Синоќа околу 22.05 часот во стан во Осиек е убиена 21-годишна жена. Во овој момент не можеме да дадеме повеќе информации за динамиката на овој настан, освен што смртта на девојката била предизвикана од огнено оружје, кое е и службено оружје на полициски службеник кој не бил на должност, кој бил присутен во стан во моментот на настанот. Полициските службеници продолжуваат со утврдување на сите факти и околности за овој настан, за што навремено ќе ја информираме јавноста“, соопштија од полицијата.