Хорор во Мексико: Убиени 16 лица за време на наптревар меѓу нарко-картели

Идејата на мексиканските власти заврши трагично за дури 16 лица.

Властите во мексиканската држава Закатекас организираа пријателски натпревар помеѓу нарко-картелите, „Лос Зетас“ и „Заливскиот картел“ за време на новогодишната вечер, но нивната идеја заврши трагично.

Властите сакаа преку овој натпревар да покажат дека барем еден еден е можен соживот помеѓу двата ривалски картели, но натпреварот заврши со смрт на дури 16 лица, а пет се повредени.

Пресметките помеѓу двата нарко-картели започнаа уште за време на натпреварот. Сите „фудбалери“ но и гледачи имале оружје со себе, како огнено така и ладно оружје, а откако започнале нередите на специјалните полициски сили им биле потребни дури два часа за да ги смири нередите во затворот „Варонил“, кој се наоѓа во малиот мексикански град Сиенегулас.


Картелот „Лос Зетас“ на почетокот функционираше како огранок на „Заливскиот картел“, но во 2010 година се одвоија и веднаш започнаа војна меѓу себе.

Видеото погледнете го на овој ЛИНК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот