ХОРОР ВО ЛОНДОН: Убиена 26-годишна трудница, лекарите се борат за бебето!

Полициско возило во Лондон / Фото: Архива

Во текот на ноќта во Лондон е убиена 26- годишна жена, која била во осмиот месец од бременоста, а лекарите се борат за животот на бебето.

Полицијата добила повик во јужен Лондон околу 3.0 часот, каде на само место ја пронашле бремената жена во тешка состојба, ја породиле на самото место и бебето го префрлиле во болница во критична состојба, пренесува Ројтерс.

Избодената жена подоцна им подлегнала на повредите, а 37-годишен маж е уапсен поради наводна вмешаност во нападот.

– Ова е ужасен инцидент во кој млада мајка го загуби животот, а нејзиното дете е во критична состојба – рекол детективот Мик Норман за Ројтерс.

Во Лондон се случил уште еден напад во кој животот го загубил маж на возраст од околу 30 години.

Како што соопшти полицијата, мажот исто така е избоден, но не верува дека нападите се поврзани.

Ројтерс наведува дека британската премиерка Тереза Меј ја обвинуваат дека смалувањето на финансирањето на полицијата и социјалната помош придонело за поголем пораст на насилство извршено со нож.

Според официјалните податоци, во 208 година во Англија и Велс, се случиле 285 смртоносни напади во кои е користен остар предмет, што е највисоко ниво откако се води статистика за ваквите инциденти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот