Хорор во Кумановско – вреќи со убиени кучиња (ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ)

Фото: МИА

Фотографии на кои се гледаат мртви кучиња во вреќи, расфрлани во старата, веќе непостоечка касарна (населба Карпош) во Куманово, запустено, изолирано место каде речиси нема никаква фреквенција на население објави „Анима мунди“ на својата фејсбук-страница.

„Кучиња во вреќи и некои надвор од вреќите биле собрани во еден куп. Едно од кучињата делувало дека барем кусо време било живо и се извлекло од вреќата за потоа да умре. Кучиња со вкочанети вилици – кои укажуваат на насилна смрт; со канили во вените што укажува дека интервенирал ветеринар. Вреќи полни со ѓубре, медицинска опрема, ќебиња и јоргани.

„Информираме дека во моментов на лице место е наш активист и е повикана полиција како и инспектори на АХВ и бараме итна и темелна истрага, најстрога затворска казна за сторителот/сторителите, како и трајно одземање на ветеринарните лиценци на ветеринарните лица, доколку се докаже вистина она што го добиваме како информација во континуитет“ – соопштија од „Анима мунди“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот