ХОРОР ВО КУМАНОВО: Загина полицаец, повредени уште неколку лица

Фото: МИА

Полициски службеник загина, друг кандидат за полициски службеник е тешко повреден, а повредени се уште две лица во Куманово, откако во нив удрил 40-годишниот С.Ј., соопшти денеска СВР Куманово.

Според полицијата, 45 минути по полноќ на регионалниот пат Куманово-Свети Николе во близина на крстосницата со населба Ајдучка Чешма, патничко моторно возило „мерцедес” со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Ј. (40), удрило во 37-годишниот В.Ц., полициски службеник, и во 25-годишниот А.М., кандидат за полициски службеник, кои биле на службена должност. В.Ц. починал на местото на настанот, а А.М. со тешки телесни повреди е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје.

С.Ј. со возилото „мерцедес” избегал од местото на настанот, по што на регионалниот пат Куманово-Свети Николе во близина на хотел „Сателит” удрил во патничко моторно возило „шкода” со кумановски регистерски ознаки, управувано од Н.П. (34). Возачот на возилото „Шкода” и сопатникот Д.Ј. (42) се здобиле со тешки телесни повреди, а А.Ј. (52) со телсени повреди, при што Д.Ј. е пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје, додека останатите повредени се пренесени во болницата во Куманово.

С.Ј. е пренесен во болницата во Куманово, а против него во текот на денот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот