ХОРОР ВО КУЌАТА НА ЦЕЦА: Провалник останал со денови во подрумот, повторувал морничави зборови

цеца житораѓа
Принтскрин/Инстаграм

Во куќата на Цеца во Кипар е уапсен маж, кој бил пронајден како се крие во нејзиниот подрум и немал намера да излезе.

Кога дошла полицијата, тој повторувал дека е нејзин сопруг. Случајот го пријавиле соседи кои забележале дека непознат човек се шета низ дворот и потоа влегува во подрумот.

Тој се противел на апсењето и велел дека Цеца е негова жена. Оние кои го познаваат за полицијата посветочиле дека се работи за психички нестабилна личност која и претходно била апсена поради провалување и депортирана во Србија.

Сега против него се води кривична постапка за ова дело, а тој стои на ставот дека живее во таа куќа и дека е таен сопруг на пејачката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот