Хорор во Косово: Со калашникови пукале во автобус со ученици, меѓу загинатите има и деца

Полициски амблем на Косово / Фото: МИА

Најмалку тројца загинати лица е досега вкупниот биланс од пукањето врз автобусот со ученици во селото Глоѓане кај Дечани, јавуваат медиумите во Приштина.

Косовските медиуми јавуваат дека кон автобусот пукале повеќе маскирани лица со автоматско оружје, поточно калашникови.

-Според информациите со кои располагаме има сомнеж дека дошло до пукање во правец на автобусот и дека две лица се повредени, соопшти полицијата од Пеќ.

Од полицијата за Газета Експрес потврдиле дека автобусот сообраќал на линија Ѓаковица-Дечани.За порталот РТВ21, портпаролот на полицијата на Пеќ, Фадил Гаши изјави дека настанот се случил околу 19 часот, додека портпаролот на обвинителството, Шкодран Никчи изјави дека на местото на настанот излегол притворскиот обвинител.

Тежок инцидент на Косово: Тројца убиени од огнено оружје, стрелано кон автобус

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот