4 C
Скопје

Хорор во Кавадарци: Старец со години ја негувал болната сопруга, па ја искасапил и се самоубил

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи, изврши увид во куќа во село Шивец каде беше пронајдена жена на возраст од 84 години со тешки телесни повреди. 

Според првичните сознанија, повредите ги направил нејзиниот 73 – годишен сопруг, користејќи секира и други опасни орудија. По извршеното дело, тој заминал од куќата  и фрлајќи се во водите на Црна Река си го одземал животот. Според првичните сознанија на обвинителството, сега починатиот со години се грижел за сопругата која била со многу нарушено здравје. Во изминативе неколку недели се влошила и здравствената состојба на сега починатиот, по што тој посегнал по животот на оштетената, но и по сопствениот.

Прочитајте и...  Пандемијата ја намали популарноста на ЦДУ на Ангела Меркел

Оштетената е во животно загрозувачка состојба и се наоѓа на скопските клиники на натамошно лекување.

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци издаде наредби за обезбедување и прибирање траги од лице место, папиларни линии  и предмети кои ќе бидат предмет на натамошно вештачење, а во насока на утврдување факти во предметот.

Трагедија кај кавадаречкото село Шивец: Пронајдено удавено лице во Црна Река

Поврзани вести

Царовска: Родовата рамноправност е придобивка за целото општество, ги елминираме случаите на дискриминација во основното образование

Слободен печат

Експресно испразнет хотел во Тетово, имало свадба

Мирослава Бурнс

Кина станува најголема поморска сила: Изгради огромна флота, а веќе има и прва цел

Слободен печат

Обраќање на кралицата Елизабета втора неколку часа пред објавувањето на Меган Маркал

Слободен печат

Спасовски: „Таск форс” за поефикасна борба против родовото насилство

Слободен печат

Црта: Во српските медиуми нема плурализам, на Вучиќ половина од вкупното време

Слободен печат

Остави Коментар