Хорор во Јаково: Син возел ПИЈАН со 3,6 промили, а во несреќата загинала неговата МАЈКА!

Фото: Курир.рс

Во Јаково, Белград дошло до тешка сообраќајна несреќа во која загинало едно постаро женско лице, а две се повредени, пренесува Танјуг.

Возачот Ж.Г. (53) чија мајка настрадала во несреќата уапсен е по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, а во вторник ќе биде приведен на сослушување.

Ж.Г. имал 3,6 промили алкохол во крвта и возел нерегистриран автомобил.

Ниту тој ниту настраданата жена, која е негова мајка не биле врзани со безбедносен појас во моментот на несреќата.

Две женски лица од вториот автомобил се повредени.

До несреќата дошло околу 20.20 часот во судар на голф со регистрација од Рума и форд со белградски таблици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот