Хорор во Јабланица: Брачна двојка пронајдена гушната во урнатините

Заедницата во која живееле е тажна што се збогува со овој пар кој сите го опишаа како примерни и грижливи луѓе. Ирмела и Јасмин беа познати по тоа што секогаш беа тука за другите, а нивната љубов и поврзаност беа инспирација за сите кои ги познаваа.

Среде разорните поплави што неодамна ја погодија Босна и Херцеговина, потресната приказна на брачната двојка Ирмела и Јасмин Чилиќ го расплака целиот регион, пишува босанскиот портал Дневни аваз.

Овој пар,  трагично загина кога поплавата им го уништи домот, а спасувачките екипи ги нашле прегрнати под урнатините.

Кога спасувачките екипи стигнале до урнатините, пред нив се појавила сцена која длабоко ги потресе сите присутни – телата на Ирмела и Јасмин биле цврсто прегрнати, сведочејќи за непоколебливата љубов која траела до последниот здив.,

Заедницата во која живееле е тажна што се збогува со овој пар кој сите го опишаа како примерни и грижливи луѓе. Ирмела и Јасмин беа познати по тоа што секогаш беа тука за другите, а нивната љубов и поврзаност беа инспирација за сите кои ги познаваа. Нивниот трагичен крај ги погоди локалното население, но и целиот регион, бидејќи нивната приказна стана симбол на љубовта која ја надминува самата смрт, известува босанскиот портал.

– Тешко е да се опише тагата што ја чувствуваме. Ирмела и Јасмин беа неразделни, нивната љубов на сите им беше позната, а можеби единствена утеха во овие моменти е што беа заедно до крај – изјавил нивниот близок пријател длабоко погоден од трагичната загуба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот