Хорор во Италија: Поранешна порно ѕвезда го убила синот (2), а телото го фрлила на каса во маркет

Италијанска полиција/ Фото Архива на Слободен печат

Поранешната унгарска порно ѕвезда го избодела до смрт својот двегодишен син во текот на непријатна борба за старателство, а потоа неговото тело го фрлила на каса во италијански супермаркет.

Каталин Ержебет Брадакс (44) влегла во супермаркет во градчето Чијата дела Пиеве и повикува помош додека го ставала телото на своето синче на каса, објави Њујорк Пост.

Обдукцијата кај детето открила 9 убодни рани на градите и вратот, а неговата, со крв прекриена маичка, како и џемперот на мајката подоцна се пронајдени во напууштена зграда во близина.

Брадакс е уапсена и обвинета за убиство, а ножот со кој го избодела детето е пронајден во нејзината чанта. Мотивот за убиство најверојатно бил одмазда за таткото на детето Норберт Јухаш со кого водела гадна борба за старателство.

Таа наводно на таткото на детето му испратила и фотографија од мртвото момче преку ВатсАп, а потоа влегла во супермаркетот носејќи го во рацете.

Според медиумите во Италија, поранешната ѕвезда на филмовите за возрасни во полиција не признала дека го убила синот и давала контрадикторни изјави, по што побарала адвокат.

Јухаш рекол дека Брадакс побегнала од Унгарија во Италија минатиот месец и го грабнала нивниот син, за кој тој добил старателство од судот.

Видео на денот