ХОРОР ВО ИСТАНБУЛ: Авион ја промашил пистата, се распаднал на два дела (ВИДЕО)

Најмалку 21 лице се повредени откако денеска авион при слетувањето на истанбулскиот аеродром „Сабиха Гокчен” ја промаши пистата, се урна во поле и се распадна на два дела.

На телевизиски снимки можеше да се види скршен трупот на авионот и евакуација на патниците.

Турската телевизија НТВ извести дека авионот се запалил, но пожарот веднаш бил изгаснат. Истата телевизија информира дека авионот припаѓа на компанијата Пегасус ерлајнс и пристигнал од Измир.

Турското Министерство за сообраќај соопшти дека во авионот имало 177 патници и членови на екипаж. Министерството посочи дека до несреќата дошло поради груба грешка при слетувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот