Хорор во Гиновци: Го убил сопствениот брат и го закопал во дворот од семејната куќа

Фото: илустрација/ Јутјуб принтскрин

Жител на кривопаланечкото село Гиновци вчера бил уапсен откако некој го пријавил дека уште пред неколку недели си го убил братот и го закопал во дворот од семејната куќа, соопшти МВР.

„На 10.06.2022 во 15.15 часот во с.Гиновци, кривопаланечко, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.А.(40) од с.Гиновци, постапувајќи по пријава добиена во 14.30 часот според која тој пред неколку недели, по претходна расправија, го усмртил неговиот брат С.Џ.(29) од истото село и го закопал во дворот од семејната куќа. Полициски службеници од Полициско одделение Ранковце излегле на местото, а Ф.А. бил приведен во полициска станица и при извршен службен разговор го признал делото“, велат од полицијата.

Јавен обвинител, полициска екипа, претставници од Институт за судска медицина и од Центарот за социјални работи извршиле увид, телото е пронајдено и по насока на обвинител е предадено за обдукција.

По целосно расчистување на случајот против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава, а од страна на Судија на претходна постапка определена е мерка притвор во времетраење од 30 дена и ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа Затвор К’шање, додаваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот