Хорор во Џорџија: Младо момче ја убило својата постара сестра со пиштол што самиот го направил

Полициско возило / Фото: Слободен печат, архива

Момче од Џорџија (13) ја убило својата 14-годишна сестра со истрели од пиштол што самиот го направил. Страшно злосторство се случило во средата во возило пред куќата на тинејџер на Вики Лејн во Дагласвил.

Шерифот на округот Даглас, Тим Паундс, изјави дека Вилсон Брендон Скот Трети се обидувал да го продаде пиштолот што го направил  за 19-годишник кој имал намера да го украде од него.

Додека двајцата се степале за пиштолот, тринаесетгодишникот испукал куршум кој за жал ја погодил неговата сестра Кира која во тој момент била во близина, јавува Бриф њуз.

-Кога стигнавме, во автомобилот имаше три лица, забележавме дека во возилото има млада девојка која изгледаше како да е застрелана – изјави шерифот Паунд.

Очевидец кој случајно се нашол на местото на настанот кога полицијата го извлекла телото, рекол дека видел дека девојката не дава знаци на живот.

– Може да се каже дека не дишела, во близина имало полицаец кој и помогнал да ја извадат од автомобилот и потоа ја спуштиле на земја – рекол тој. Тој додал дека помладиот брат на оваа девојка полудел кога видел дека неговата сестра не дише. Тој рече: Не умирај. Не умирај, изјави очевидец.

– Ја убил сестра си, а толку е тажно што мајка изгубила две деца во исто време. А такви работи ти се случуваат пред нос, тоа никогаш не можеш да го знаеш – рекол Шерифот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот