ХОРОР ВО ДРАЧ: Тинејџери врзувале и групно силувале 8-годишно девојче во училиште – Слободен печат
ВестиРегион

ХОРОР ВО ДРАЧ: Тинејџери врзувале и групно силувале 8-годишно девојче во училиште

Овој страшен настан се случил пред 3 недели, но сега бил објавен

Тежок сексуален скандал се случил во градот Драч. Топ Чанел дознава дека полицијата уапсила 16-годишно момче за групно силување на 8-годишно девојче.

Од првичните податоци се дознава дека овој страшен настан се случил пред околу 3 недели во селото Арап во Драч, но сега бил објавен. Детето било пронајдено врзувано во училиштето од страна на наставниците.

Истиот медиум јавува дека полицијата даде само кратка информација, со цел да се скрие настанот. Во официјалното соопштение се вели дека „на 5 јули бил приведен 16-годишник со иницијали А.Р., бидејќи овој граѓанин е осомничен дека сторил кривични дела предвидени во Кривичниот законик. Исто така, беше отворена кривична постапка за граѓанинот Н.К., 13 годишник. Засега не можеме да објавиме другите податоци”, стои во известувањето објавено од полицијата.

Според медиумите настанот се случил внатре во основното училиште „Муслим Хида“ во местото Арап, Драч. Момчињата на 15 и 17 годишна возраст како и девојката се жители на тоа место.

РТВ Ора јавува дека 8-годишното девојче било пронајдено од наставниците на четвртиот спрат од училиштето врзувана и потоа било откриено се.

Медиумот контактирал со семејството на девејчето, кои изјавиле дека помиуваат низ тежок период затоа што нивната ќерка доживеела тешка траума по настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close