ХОРОР ВО ЧИКАГО: Задавиле бремена жена, и го исекле стомакот и го украле бебето (ВИДЕО)

Марлен Очоа-Лопез била во последниот месец на бременоста, кога на 23 април и се губи секаква трага.

Полицијата го најде нејзиното тело и соопшти дека починала од последици на давење.

-Сметаме дека е убиена, а по нејзината смрт бебето е извадено од нејзиното тело”, изјави портпаролот на полицијата во Чикаго, Ентони Гулелми.

Деветнаесетгодишната девојка исчезнала, откако отишла да купува облека за бебето заедно со некоја жена која ја запознала на Фејсбук. Полицијата приведе четири лица, но не даде дополнителни информации за нивната вмешаност во ова ужасно убиство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот