ХОРОР ВО БиХ: Деца штитеници во Заводот за деца во Пазариќ биле врзувани за мебел и радијатори (ФОТО)

Фото: Фокус.ба

На денешната прес конференција во Претставничкиот дом на Парламентот на Босна и Херцеговина, пратеничката Сабина Чудиќ презентирала шокантни детали за третманот на штитениците, а посебно децата во Заводот за згрижување на ментално инвалидните деца и млади во Пазариќ.

На фотографиите кои ги доставила до медиумите се гледа како децата се врзани за мебел и радијатори. На некои им се врзани рацете позади грб, а многу од децата во таква положба поминуваат поголем дел од денот и цела ноќ, па заради тој третман кај нив се забележани физички повреди и влошена психичка состојба.

Фото: Фокус.ба

 

„Одлучив денеска Парламентот и јавноста да ги запознаам со доказите за страшниот третман на штитениците. Дел од доказите на јавноста и е познат и низ официјалниот записник за злоупотреба на средствата наменети за штитениците, но овие фотографии додатно покажуваат за обемот на трагедијата кои им се случува на овие деца. Неопходно е денеска Претставничкиот дом итно да побара од надлежното министерство разрешување од должноста на членовите од УО и НО кои се од претходниот состав. Обвинителството мора да ја забрза истрагата.“, вели Чудиќ.

Таа побара неколку мерки, меѓу кои запирање на злосторствата врз штитениците, изработка на кодекс за постапување со нив, редовни ненајавени инспекции и друго.

Фото: Фокус.ба

 

„Барам од ресорното министерство по 90 дена од усвоените заклучоци да поднесе детален извештај за спроведените мерки“, рекла таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот