Хорор во Авганистан: Талибанците и ја отсекле главата на одбојкарка

Талибанците се вратија на власт во Авганистан и на јуниорската одбојкарска репрезентативка Махџабин Хакими и ја отсекле главата бидејќи играла одбојка без хиџаб/принтскрин/Инстаграм

Неверојатна и тажна вест доаѓа од Авганистан каде талибанците се вратија на власт и на јуниорската одбојкарска репрезентативка Махџабин Хакими и ја отсекле главата бидејќи играла одбојка без хиџаб.

Оваа вест ја потврди тренерот на несреќната одбојкаркатка која настапуваше за клубот Персијан Индепендент. Тренерот Сураја Афзали потврди дека Махџабин Хакими е убиена на почетокот од месецов од страна на талибанците, но никој не бил свесен за грозоморното убиство бидејќи убијците се заканиле на семејството на несреќната одбојкарка да не зборува за тоа.

Махџабин настапуваше за клубот Персијан Индепендент од Кабул пред распадот на владата на Мохамед Ашраф Гани и беше една од најдобрите одбојкарки.

Селекторот на женската одбојкарска репрезентација на Авганистан неодамна потврди дека две репрезентативки успеале да ја напуштат државата пред талибанците да ја преземат власта во Авганистан, но за жал Хакими не успеала да избега.

„Сите останатите репрезентативки, но и спортистки се наоѓаат во лоша ситуација, тие се очајни и се исплашени. Сите би си заминале од тука“, биле зборовите на селекторот.

Видео на денот