ХОРОР: Тинејџери со часови заглавени на врв од ролеркостер

Фото: Архива

Осум тинејџери во градот Санланд Парк во Ново Мексико два часа поминале заробени на врвот од ролеркостер, откако за време на возењето се случил дефект, објави Хералд онлајн.

На лице место дошле пожарникари, а по интервенцијата соопштено е дека нема повредени.

Тинејџерите се возеле на ролеркоустерот Ел бандидо, кога ненадејно вагоните се заглавиле, соопштија градските власти и додадоа дека во моментов се води истрага како дошло до дефектот.

Видео на денот