ХОРОР сцена во Сараево – Од тепачка на малолетници до УБИСТВО СО СЕКИРА (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Во Сараево после физичка пресметка со секира беше убиен тинејџер.

Службеници на полицијата во Сараево веќе се на терен и вршат увид, а улицата Адија Мулабегович е блокирана.

На терен се повеќе полициски службеници и екипите на итна помош, а телото на загинатиот е покриено во локва крв.

Убиството настана после физичката пресметка на неколку лица, а едно лице е повредено и пренесено во болница.

Неофицијално, убиен е малолетник, додека еден осомничен петнаесетгодишник е уапсен.

Во близина на убиството се собрани голем број на граѓани кои биле шокирани со тоа што се случило во нивната населба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот