Хорор сцена во Англија: фудбалер на Вулверхемптон нокаутира противнички играч (ВИДЕО)

принтскрин

Вулверхемптон со минималниот триумф од 1:0 над Слован Братислава обезбеди пласман во нокаут фазата од Лигата на Европа но натпреварот ќе остане во сенка на инцидентот кој можепе да заврши и трагично.


Во 80. минута од средбата, напаѓачот на анлгискиот тим Хименез се обиде да ја шутне топката со ножички, но наместо топката го удри во главата фудбалерот на Слован, Кенан Бајриќ. Бајриќ веднаш падна како покосен, остана без свест и благодарение на соиграчите не се случи вистинска трагедија бидејќи експресно тргнаа да го спасат и да не дозголат да го голтне јазикот.


Дури 12 минути му се укажуваше помош на фудбалерот на Слован, а тренерот на неговиот тим изјави дека станува збор за сериозна повреда и досега е познато дека добил потрес на мозокот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот